Во четвртокот го возев патов, искрено мене не ме изненади овој дел.
Дали се работи за замор за возачот или тргнал очи од патов не знам. Патов е прегледен ама има доста кривини, така што не ми се верува дека бил до толку ненормален да си гледал во телефон дур вози.
Самото тоа што е кривина во десно а тој веќе завртил бил свесен што прави.
Автобусите имаат тенденција да возат малку подесно на автопатите да не попречуваат сообраќај.
1) Јас мислам возачов помислил дека патот продолжува на десно, а не дека тоа е место за паркирање.
2) Касно ја видел банкината го завлечкал автобусот по рампата
3) Се скинала десна гума и се набила вратата
4) Имало искрење и големата количина на кислород од гумата која пукна под притисок и можеби подпомогната од некакво хидраулично масло (мада мислам дека не е запаливо толку хидрауликата) се запалил автобусот одоздола каде што имаат шверцувано бензин или дизел
5) Бензинот (најверојатно) се запалил веднаш, дизелот веднаш после него (оти нели имало траги од гориво - дизел по патот), а дизелот остава трага долго време на асфалт (ако ви се има случено да ви се истури дизел на паркинг - флеката стои долго време)
6) Кога веќе почнува да гори, имате многу материјали кои горат лесно - куфери, облеки, хартии, теписони.
7) Вратата најверојатно била згмечена кога удрил во банкината и не можеле да ја отворат.
8 ) Според кажувањата на очевидецот (имаше интервју) биле живи луѓето внатре и врискале.
Мене ме интересира следното:
1) Каде биле возачите (двајца треба да се) кога се случила несреќата да ги скршат прозорите (како оние што избегале од задниот дел од автобусот)?
2) Што се шверцало долу во багажот што толку го потпомогнало горењето?