Без тој семафор, од Козле/Ванчо Мицков некогаш и по десетина минути не може (безбедно) да влезеш на Чакаларов.
Изборот е, или некогаш ќе почекаш малку на семафорот (како на стотици други семафори), или ќе го молиш богот Рандом да не си ти тој што ќе наебе во сообраќајките што се дешаваат кога неискусни или идиоти влегуваат каубојски на главна улица, а пошто без семафор реално и не можат да влезат поинаку... Така да дури и да си некој што само минува право на таа раскрсница (и не ти чуе за тие што се приклучуваат), треба да разбереш дека и за твоја безбедност се работи - како и за сечија.