Јадни родители на тие деца, да не си им во кожа....
Само построги контроли, и казни, многу повеќе казни, не повисоки, него ПОВЕЌЕ !
Џабе се законите ако нема казни за тие што ги прекршуваат, пишува до 77KW, тогаш 77КВ за почетник, не 100, не 78, него 77. За брзина исто си има закон колку смее, за алкохол возач почетник не смее да има алкохол и крај. Ама не опни казни 400 евра, а пишувај за маски казни. Друго е што се врати #ОлиКурГоБоли на работа и сега нема више казни, нема полиција по улици...
Еве што вика законот:
Ако има возачка дозвола од „Б“ категорија - дозвола за управување на автомобил - тој не смее да управува автомобил помоќен од 77 киловати. Доколку возачот-почетник постапува спротивно на овие правила, тој ќе биде казнет со глоба од 200 евра во денарска противвредност.
Од друга страна, тој не смее да вози побрзо од 60 km/h на јавен пат, 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила или 100 km/h на автопат, иако тоа е дозволено за поискусните возачи.
Така на пример, кај поискусните возачи постои ниво на толеранција за конзумација на алкохол, а возачот-почетник, според член 234, став 3 од Законот, не смее да управува со возило, дури и ако постои најмала индикација дека конзумирал алкохол, или пак, покажува знаци на алкохолна растроеност.
Не е што он ке вози како ненормален и ќе изгине, него што ќе отиде некој ни крив ни дужен со него заедно. А посебна приказна се родителите што сметаат дека нивното чедо е попаметно, подобро, побогато, поодбогададено и мора да се вози со мин. 200 коња кога и пред да положи. А и онака вујкото/чичкото/таткото/шурата/баџанакот се у МВР и нема да му пишат казна. Епа нека идат сега они да го откопаат и да им го вратат назад.
Страшно језиво, згаснат најмалку уште еден млад живот и уништени уште многу околу него.
Памет у глава само и нозете цврсто на земја.