Во тешка сообраќајна несреќа загина едно лице, четворица млади се повредени
Несреќата се слулила во Богданци, кога автомобилот марка БМВ, во кое се наоѓале пет момчиња на возраст околу 20 години, излетало од коловопзот
Едно лице почина, а четири се повредени откако возилото во кое се наоѓале, излетало од коловозот во Богданци.
„На улицата „Маршал Тито" во Богданци, вчера околу 4 часот патничко возило „бмв" со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот“, соопшти МВР.
Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза"-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Памет во глава.
Починатото дете ми е роднина.