@Mikius Фина ствар што сте поминале без премногу нервози, караници и што ти знам. Исто, добра реакција што си го видел навреме, па поминало подобро. Апдејтирај што си направил кога ќе можеш , чисто да споделиш искуство.
Му се јавив на дечкото да му кажам дека нема да го изгуби во целост бонусот, односно татко му, но и покрај тоа повеќе му одговараше да се заврши работата со кеш за да не се дангуби време со постапката преку "европски".
Мене ми беше сеедно, односно не ми беше битно дали ќе земам некој денар плус за некој викенд

Вчера ја средија магленката во сервис, ништо драматично не беше. Го извадиле браникот, ја залепиле магленката кај двата пукнати држачи, другите два не биле оштетени.
Фактички, ме удрил со ќошот од неговиот браник точно врз магленката. Среќна околност е што тргнав малку нанапред и што имав стиснато куплунг во моментот на ударот.