Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3413819 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Ќе му спомнам на дечкото што ме чукна дали сеуште не сака европски да направиме.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
@Mikius Фина ствар што сте поминале без премногу нервози, караници и што ти знам. Исто, добра реакција што си го видел навреме, па поминало подобро. Апдејтирај што си направил кога ќе можеш , чисто да споделиш искуство.

Инаку, викендов бев во Охрид, на враќање кон Скопје бев совозач во ново Clio (колата во друга тема ќе ја опишам). Се враќавме доцна во ноќта, неделата спроти понеделник и како што е пат-непат кај Струга, пред Подмоље, возачов тераше 80 и си доаѓаше возило од спротивна насокa најнормално. Како што си муабетевме, Audi A7ца влезе в макази со милион км/х меѓу нас и возилото што доаѓаше.

Вака нешто отприлика:


Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 654
Не се губи во целост попустот од АО на тој што е виновен во незгодата ако направите европски, тоа да знаете!

Па дај кажете или пуштете линк од правилник, колку попуст се губи, едно скалило, две, цел попуст или зависи од штетата.
Еве @kalimero нека кажи или кој било друг што работи во осигурување.

Пријател што работи во осигурување сега пред некој месец за сообраќајка на брачед кога го прашав рече се губи попустот. Ама на истиот му плаќам во готово за колата за по 6 месеци да ми стигни опомена пред тужба за недоспеани рати, ми ги работи парите. ???
Па според ова ми иди да помислам дека се губи едно скалило ама агентиве цел попуст го кинат па останатото вџеб?  ???

При пријава на штета не се губи целиот попуст, тоа зависи од висината на штетата нели, ама ако е со европски најчесто се враќаш едно или две скали назад (5 или 10%)
Е за голема штета кај што покрај материјална има и нематеријална, тогаш не само што може да го изгубиш цел попуст туку и доплпаток може да имаш.


Ова го знам бидејќи имав случај каде што јас бев крив во сообраќајка и направивме европски, осигурателната направи проценка и на оштетениот му исплатиа близу 1000 евра оштета, а мене на следно регистрирање на возилото ми одзедоа само 5% од попустот кој го имам.

Пред да го правам европскиот ги прашав во осигурителната за ова колку ќе изгубам од попустот на наредната регистрација, и ми го кажаа истото како што кажа kalimero.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
@Mikius Фина ствар што сте поминале без премногу нервози, караници и што ти знам. Исто, добра реакција што си го видел навреме, па поминало подобро. Апдејтирај што си направил кога ќе можеш , чисто да споделиш искуство.

Му се јавив на дечкото да му кажам дека нема да го изгуби во целост бонусот, односно татко му, но и покрај тоа повеќе му одговараше да се заврши работата со кеш за да не се дангуби време со постапката преку "европски".
Мене ми беше сеедно, односно не ми беше битно дали ќе земам некој денар плус за некој викенд ;D

Вчера ја средија магленката во сервис, ништо драматично не беше. Го извадиле браникот, ја залепиле магленката кај двата пукнати држачи, другите два не биле оштетени.

Фактички, ме удрил со ќошот од неговиот браник точно врз магленката. Среќна околност е што тргнав малку нанапред и што имав стиснато куплунг во моментот на ударот.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Некој закочил нагло ваљда, ова било обид за заобиколување ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Греота е 50 евра да дадеш кога плаќаш годишно осигурување.

Подобро знаеш од мене, во случај да правеше записник, има нешто дополнително што плаќаш како премија следен пат при АО?

Да не отидев таму, сопругата и 100 ќе им дадеше само за да биде раат :) Инаку да, се слагам греота е да плаќаме при АО ама глеј на ведрата страна, 1 пар чевли помалку во плакарот на жена ми ;D

Не бе брат, чевли пак ќе си купи она.

Тебе нешто ќе ти фали, само нема да ти текне што (во износ од 100 евра).

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Како?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Чиј е браникот? Кај Макпетрол е ова? Искочил со дрифт од кружен и продужил  ;D
« Последно менување: 25 Септември 2020, 16:26:03 pm Molec »


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Да, кај кружниот, накај Нова Македонија. Подкрилото е од Корсата.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Од твојата?

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Од таа Корса што е застаната ваљда.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
А корсата на жената е? :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Па требало да си земе поткрилото и да оди,или казна чека да и пишат нарошубање на сообраќај.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Па требало да си земе поткрилото и да оди,или казна чека да и пишат нарошубање на сообраќај.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
Ако може Корсата да вози после ова свака част.