Возам по Димитрие Чуповски на левата лента кон Климент Охридски. На десна лента некое метро пред мене имаше возило со жмигавец за десно кај Пјаца Либерта, откако го одминав дадов жмигавец десно за престројување и погледнав на ретровизор. Отприлика на околу 10 метра на десната лента позади забележав кола, значи имав простор и почнав да се престројувам.
Одеднаш слушам свирење и го забележувам возилото како ме одминува. Тука веќе започнува уште една десна лента за вртење во десно па тој со Алтеата имаше простор да се одалечи од мене и така се измолкна од очешување на мојата десна страна.
Бидејки возев околу 50 тој сигурно цепал со 100 па за секунда да ми се приближи.
Веднаш потоа нагази на кочница и застана и од неговиот прозор почна да дели правда.
Му викнав и јас дали е слеп па не ми го гледа жмигавецот.
Ми вика "
што ако имаш жмигавец" ...да не ти излезам...
Го гледам пишпириче, и си викам да излезам и да тргнам да го отворам гепекот, има да ја здувне со подвиткан опаш

ама бев со стариот па да не го стегне срце од преголема возбуда.
Дремеше така уште 20 секунди, демек ме провоцира, искулирав, па некако се реши да тргне.
Подоле кај Соборна го гледам со шундиче во кола, сигурно била импресионирана од неговиот перформанс
