Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3414689 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Остај го Мартин, од завидливост праќа само снимки од Голфови и Опели :))))

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Што мозок имаат овие во главата ?
Како прво што вози толку во населено место, како второ, па зашто се снима у пм...

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16755
  • Keep it 100
Праќајте на off.net они објавуваат без гајле

Присутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Тешки сељации земаа дозвола, ама ќе настрада друг од нив.
 Првиот е од Велес, а другиот некаде од Сарај, Крушопек, Грчец....

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Пред 2 дена ќе ме удреше корса на излез од дојран, јас излегував околу 40 некаде возев, тој престигнуваше 4 коли, по моја проценка околу 100-120 возеше, а речиси влезен во населено. Ако се удреше у мене ќе умреше или минимум инвалид ќе останеше, ја ќе одев у затвор оти ете посакав со ручекот да испијам едно пиво.... Среќа што има како тревник помегу столбовите за улично и возев полека па влегов таму. Бев со уште двајца со мене што ме молеа да свртам по него и да го претрпаме. Нема ден а да не сретнам некој специјалец на патот.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk



Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Точно, ќе се согласам потполно со тебе, НО во мојов случај колата беше празна, имаше луѓе надвор на лента со телефони,најверојатно од колата зошто беше само извртена/излизгана и удрена у банкина не верувам дај боже да не беше нешто фатално. Беа 2 полициски возила , точно едното да пружи помош, другото да сигнализира. Ете сега гледам дека и тој дел сум го испуштил, очигледно важен.

За помош на полицијата искрено не ни помислив на тоа од што се пресеков, а во друга ситуација не знам како би реагирале ако им се понудиш.. све е бог да чува :)

Дали некој ја затекна сообраќајката кај Карпалак накај Скопје во неделата навечер(06.09) :'( ? Генијалци се нашиве џандари жими се... да не е трагично ќе беше смешно..па после ги газат по автопати...па нормално! >:(
Јетито стоше на 10м од сообраќајката во брзата лента и имаше џандар со палка флуросцентна што мафта пред јетито исто во брзата лента.. е сега.. се тоа супер, НО по некоја логика сообраќајката беше на сама КРИВИНА и со самото тоа треба да е обележано минимум 500м поназад од местото на случувањата така?  Па дури и 1км со оглед на тоа што знаеа дека во недела навечер пола Скопје и останатите се враќаат од Охрид и е многу прометно.
Е сега ако јас фино лепо на правото земам да претицам еден што возеше 80/90 и се префрлам на брзата лента и наеднаш гледам на кривината јети и специјалец со палка како ми мафта.. и ја пукање кочница едвај застанав на 2м пред нив среќа сменив дискови и плочки пред одмор 8).. џандариве коа земаа да рипаат преку банкина јетито на кров ќе го качев  ;D ;D ;D и што е најјако ми се стрчуваат сите тројца и ми се дерат дали сум нормален и зошто не кочам?!?!?! Ја сиротиот збунет и потресен ги одминав само и се прекрстив и фала му на бога што ме дочува од глупостите на другите. ;D . Ако виде некој јас бев тој што ќе ги собереше џандарите сосе јети ;D.  Страшно беше зошто и во другата лента немаше застој па да видам дека стојат коливе, ептен непромислено и дегенски обележано им ебам тоа >:(

Еве слика од местото..


Обично ко има сообраќајка првото возило иде до крај за да едниот полицаец помогне ако има повредени (сигурно нема да застане на 500м за на вас да ви покаже да намалите брзина), у случај вториот полицаец да започне да обезбедуа простор. У меѓувреме сигурно на пат биле (ко шо кажа членот покасно) и останати возила за подистантно обезбедување на простор.

Пред да ставате епитети тука за интелигенција, малце употребете ја вашата дека може сообраќајката се десила на 3 минути пред вие да претицувате со непрописна брзина (ова е у 90% од македонштина) и дека може таква е ситуацијата поради некоја си хитност, као на пример некој у удрените коли е заглавен или неможе да диши.

Ако почне полиција у случај на сообраќајка прво да обезбедуа простор па да помага на повредени, тука ќе се мрси дека полицијава глупа е, "види ми обезбедуа простор место да помогне на оној што едвај диши таму".

Дечки, сообраќај е, не ви се резервирани патиштата на секој од вас за да возите 140 и да стискате лајкови на телефон. Отворите очи и бидите спремни за итно кочење у секој момент.
Без навреда, ама има две страни од секоја приказна.

п.с Чисто ме интересира, зашто никој не застанал да им помогне на полицијата да обезбедат терен подобро?

What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Возила на членови: https://forum.carclub.mk/index.php/topic,26160.0.html

Follow me on IG: https://www.instagram.com/d_volante159?igsh=MWlkM29rbHN1Y3d1cg==

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Вака се гине
https://vm.tiktok.com/ZS5yfHHA/

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk




Шо убаво, со име и презиме

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5315
  • Пиши лаже
Да е еден ваков, да речеш ај. Ама вакви ги има векот дечишта, нормално со бмв-ња се 90% од нив. Нема да излезам со колата а некој со бмв да не влезе со газот назад во крвивина.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Дајте да реагираме со еден меил во мвр како карклуб заедница. Не знам како е законот, дали кривично се одговара за возење со таа брзина и видео од сторителот. Во некои држави се лежи и затвор за тоа, а колку што памтам имаше и некој член од форумот што му беше земена возачката за возење со таа брзина.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
@AngelSK камо да успее тоа, посакувам премногу да успее таква некоја иницијатива. Неколку видеа од ликот што дивее по булеварите, ги имам симнато локално на уред, чисто да ги имам како доказ.

АМА, секогаш постои едно ама, знаејќи горе-доле како функционира тука мвр, очекувам да добијам нешто од типот - “Дете ај бркај си ја твојата работа, тоа е наша должност, ќе изречиме казна ако има потреба". Камо да грешам.

Дооооооополнително, можеби ќе звучам националистички, ама се сеќавате што се случи со тројцата приведени што не го почитуваа полицискиот час. Ако не се сеќавате, цел Сингелиќ излезе на протест. ВО полициски час. Сред пандемија.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Исто како што можеме и ние да искочиме на улици за да почне да се дејствува против ваквите.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4042
  • MadaFunker
@AngelSK камо да успее тоа, посакувам премногу да успее таква некоја иницијатива. Неколку видеа од ликот што дивее по булеварите, ги имам симнато локално на уред, чисто да ги имам како доказ.

АМА, секогаш постои едно ама, знаејќи горе-доле како функционира тука мвр, очекувам да добијам нешто од типот - “Дете ај бркај си ја твојата работа, тоа е наша должност, ќе изречиме казна ако има потреба". Камо да грешам.

Дооооооополнително, можеби ќе звучам националистички, ама се сеќавате што се случи со тројцата приведени што не го почитуваа полицискиот час. Ако не се сеќавате, цел Сингелиќ излезе на протест. ВО полициски час. Сред пандемија.

Што има ова врска со национализам?!? Е од ова си патиме..закон е закон и чао нема тука шабан, циго, каур и тако даље
New blood of old school

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5315
  • Пиши лаже
Јас како што знам во ова наше чудо од "држава" снимките не се прифатлив доказ за МВР. Ако е така, досега требаше да пријавам многу џандари како сечат две полни ленти, како зборуваат на телефон додека возат, како влегуваат во едносмерна лента и ред други работи...
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Јас како што знам во ова наше чудо од "држава" снимките не се прифатлив доказ за МВР. Ако е така, досега требаше да пријавам многу џандари како сечат две полни ленти, како зборуваат на телефон додека возат, како влегуваат во едносмерна лента и ред други работи...
Дај стварно каде е напишана задолжителна опрема? Да се земе и онака е убаво.