Дали некој ја затекна сообраќајката кај Карпалак накај Скопје во неделата навечер(06.09)
? Генијалци се нашиве џандари жими се... да не е трагично ќе беше смешно..па после ги газат по автопати...па нормално! 
Јетито стоше на 10м од сообраќајката во брзата лента и имаше џандар со палка флуросцентна што мафта пред јетито исто во брзата лента.. е сега.. се тоа супер, НО по некоја логика сообраќајката беше на сама КРИВИНА и со самото тоа треба да е обележано минимум 500м поназад од местото на случувањата така? Па дури и 1км со оглед на тоа што знаеа дека во недела навечер пола Скопје и останатите се враќаат од Охрид и е многу прометно.
Е сега ако јас фино лепо на правото земам да претицам еден што возеше 80/90 и се префрлам на брзата лента и наеднаш гледам на кривината јети и специјалец со палка како ми мафта.. и ја пукање кочница едвај застанав на 2м пред нив среќа сменив дискови и плочки пред одмор
.. џандариве коа земаа да рипаат преку банкина јетито на кров ќе го качев
и што е најјако ми се стрчуваат сите тројца и ми се дерат дали сум нормален и зошто не кочам?!?!?! Ја сиротиот збунет и потресен ги одминав само и се прекрстив и фала му на бога што ме дочува од глупостите на другите.
. Ако виде некој јас бев тој што ќе ги собереше џандарите сосе јети
. Страшно беше зошто и во другата лента немаше застој па да видам дека стојат коливе, ептен непромислено и дегенски обележано им ебам тоа 
Еве слика од местото..
Обично ко има сообраќајка првото возило иде до крај за да едниот полицаец помогне ако има повредени (сигурно нема да застане на 500м за на вас да ви покаже да намалите брзина), у случај вториот полицаец да започне да обезбедуа простор. У меѓувреме сигурно на пат биле (ко шо кажа членот покасно) и останати возила за подистантно обезбедување на простор.
Пред да ставате епитети тука за интелигенција, малце употребете ја вашата дека може сообраќајката се десила на 3 минути пред вие да претицувате со непрописна брзина (ова е у 90% од македонштина) и дека може таква е ситуацијата поради некоја си хитност, као на пример некој у удрените коли е заглавен или неможе да диши.
Ако почне полиција у случај на сообраќајка прво да обезбедуа простор па да помага на повредени, тука ќе се мрси дека полицијава глупа е, "види ми обезбедуа простор место да помогне на оној што едвај диши таму".
Дечки, сообраќај е, не ви се резервирани патиштата на секој од вас за да возите 140 и да стискате лајкови на телефон. Отворите очи и бидите спремни за итно кочење у секој момент.
Без навреда, ама има две страни од секоја приказна.
п.с Чисто ме интересира, зашто никој не застанал да им помогне на полицијата да обезбедат терен подобро?