Стално на тој семафор така. Не е дека не настанува проблем, некогаш од право што доаѓаат имаат мака, некогаш тие од партизанска - правец ѓорче према карпош што сакаат да завртат имаат мака. А и тие што се нормално престроени, кога вртат накај карпош, треба да внимаваат и во средна лента да се престројат, наместо во крајна лева да се вклучат кога вртат. Не е ок така кога застануваат, дефинитивно. Али па, има „ѕид на сообраќајниот срам“, па можеби таму е посоодветно за жалби и поплаки од ваков тип 
Ако се престроиш на време, односно кога е зелено на тие на Партизанска од Карпош кон Влае, не му сметаш на никој пошто после тоа се пушта овој семафор, нели. Е сега треба само тој што е паралелно со тебе да следи да не се сретнете, а и ако се сретнете ништо страшно, мала брзина, европски записник и тоа е тоа.
Јас па редовно, откако забранија паркирање околу островото, си терам право тука па десно се уклучувам, не сметам никому и побрзо иде. Нормално, ако нема коли по Водњанска, а ко за беља најчесто е гужвата од семафорот до уклучувањето.
Фрустрирачки е секој ден по неколку пати да дремеш и да се расправаш некој да те пушти.
Иначе денес од Веро до студентскиот дом двајца си поминаа на црвено со пуна, без мува да ги лази.
