Покрај сите коментари што ги дадовте дали е правилно 80 или 150 на аутопат, да видам што имате да кажете за претседателски каравани од црни пасати и службени полициски возила што возат МИНИМУМ 150 по аутопат. Како за нив е безбедно? Зарем животот на нашите бесценети политичари не е битен, па драстично се прекршуваат правилата и се ризикува додека ги возат?

Што ќе им се тогаш нив луксузни лимузини што можат без проблем да крујзаат при 200 км-ч кога во Македонија нема автопат што може да се вози над 130 кмч... На крајот се се сведува на тоа дека знаците се стари и се водат по стари стандарди, кога се возеле тешки гробурини од возила кои немале способност за толку динамична вожња. Технологијата и колите отидоа напред, ама законите останаа исти.