Стојам на црвено на семафори на Трета Македонска Бригада, спроти Тинекс, пред мене 2 коли. Светнува зелено и чекам да тргнат колите пред мене (нормално) и едно време траааааааас од позади силно и добро што газев на кочница инаку ќе го акнев тој пред мене. Ај баму спечало, се пулам назад, една кола позади мене, а си мислев верижен. Излегувам и излегува тој позади мене, млад дечко со Цитроен Скара, видно испаничен:
- Леле брат што направив, мислев дека тргна, којзнај што направив, се акнав... леле леле што направив (леле леле леле што направивме

).
- Како тоа не знајш шо напрае, тебе никој не те акна, само ти, не е верижен? Е добро како си мислел дека тргнав, а не тргнав, а пред мене 2 коли стојат, кај ќе одеше?
- Не знам... дај што да правиме, записник ќе правиме?
Гледам назад кај мене гребнатинка нема, а очекував бранико да е испукан, скршен, нагмечен... ништо, само избришана прашината од дождот од сахара. На Скарата пукнат браникот и свиткана регистрацијата...
- Ако сакаш да правиме, јас немам никаква штета...
- Не не, штом немаш ти, само кај мене ако е оди, јас сум виновен...
Му пуштив рака, го потапкав по рамо да се смири и да пази повеќе и се поздравивме. Се дешава...
П.С. Пак лошо за Фолцваген да зборувате, на такво пукање мислев дека до резервната стигна

П.П.С. ТДИ е
