Знам дека сум „лејт ту да парти“ али ке се убацам со моето мислење (јадење мусли). Типов е копук, немаше ни една „коректна“ реакција. Не го викам ова често, али АУДИ ЈЕ АУДИ.
1. Една рака и се праи фраер. У таа ситуација нема фраер, фаќаш (треба да го држи цело време, али ај) воланот со две раце за мноооогу повеќе осет и контрола. Него му смрзна гомцето па не можеше да го пушти мењачот од паника во моментот.
2. Коа забележа дека му забега го „засече“ воланот толку јако што ЈА НАТЕРА колата да ротира десно премногу, внимателно ги одбрав зборовите бидејќи сакам да кажам дека ESP-то не ги гледа лентите па да знае колку треба да корегира туку реагираше на инпутот од воланот. Он буквално имаше „целосна“ контрола врз колата, и он ја заеба работата. Види го видеото пак. Колата му реагираше на СЕКОЈА акција на воланот. Со слушалки се слуша и самото зуење на тркалата - АБС-от - ЕСП-то.
3. Првата корекција на десно не беше идеална и беше преголема али не е страшно пошто ќе избегаше една лента на десно, али он уште пред да и даде шанса на колата да се стабилизира он сврте негде четвртина волан на лево (од центарот) и во тој момент да исправеше и да ја почекаше колата да „легне“ пак највероватно ќе беше во ред, но тогаш уште толку досврте со воланот, скоро пола волан и ја ротираше колата накај ѕидот. После тоа се заеба. Го виде ѕидот и во паника го досврте воланот надесно и тука веќе јас очекував да се изврти аудито али, АУДИ ЈЕ АУДИ.
После тоа со секое веслање на воланот само уште толку ја влошѕваше ситуацијата. Тој и да притиснал малку кочница мислам дека колата имаше доволно „headroom“ да компензира дури и за кочницата што ја имаше притиснато. И исто така и самиот ЕСП систем ќе ја успори колата. А за гаста, ЕСП-то ја одзема гаста, џабе стискаш до даска. (Кого го интересира да ме провери
https://youtu.be/iEo2tpgaGQw?t=609)
Он буквално веслаше со воланот и он ја влоши ситуацијата, а фактот дека го држеше мењачот ко дилдо и дури и проба да мења намерно или ненамерно е лошо..
Гледам и се нервирам што ем луѓе го фалат „леле као си спасил ситуација“ а се што направи он е што го дркаше мењачот и праеше некои си рап потези со левата рака.. Не направи он ништо, аудито му го спаси гзот од 140 па се до 30км/х. На неговото видео он дури имаше пишано и дека „имал bmw 3.0 и не му забегало вака“. Глупости. Поише менува гумата што ја имаш на колата него ли значката на хаубата. Поише менува длабината на шарата на иостата гума него ли значката на хаубата.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
Напнат сум.