Инфомакс“: Драган Спасов – Дац со 2.5 промили алхохол прегазил девојче во Кисела Вода?
МАКЕДОНИЈА 30.01.2018 / 23:06 0
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва околу 21.30 часот на ул.Огњан Прица во близина на тобакото „Шампионче“ се случила сообраќајна незгода во која учествувал и директорот на МНТ Драган Спасов – Дац, тврдат очевидци кои се нашле на лице место кога се случила незгодата, објави порталот Инфомакс.
Околу 21.30 часот на ул.Огњан Прица во близина на тобакото „Шампионче“, како што тврдат очевидци, Драган Спасов – Дац удрил во девојче кое се обидело на пешачки премин да ја помине улицата, пишува порталот.
Според првичните неофицијални податоци, девојчето е итно префрлено во болница.
-Кај директорот од МНТ по завршениот увид е констатирано присуство на алхохол во крвта од 2.5 промили и е пренесен во полициска станица, дознава Инфомакс.мк од свои извори во полицијата, објави Инфомакс.
Портпаролот на МВР Тони Јакимовски не беше во можност да ја потврди информацијата.
http://denesen.mk/web/infomaks-dragan-spasov-dats-so-2-5-promili-alhohol-pregazil-devojche-vo-kisela-voda/