140km/h во услови на дожд е свесно играње со судбината.
Ограничувањата на автопат се дадени за во ситуација на поволни временски услови. Дожд на автопат и висока брзина не одат заедно.
Доколку дождот не е пороен, тогаш условите за создавање на тенок филм од прашина и вода на асфалтот е одлична причина да изгубиш грип и да се треснеш некаде.
Доколку дождот е пороен или доволен за да создаде воден слој на асфалтот е одлична причина за создавање на воден клин помеѓу пневматикот и подлогата. Во такви услови пневматикот "стои" врз воден слој, кој пак стои врз асфалтот.
Клинот се избегнува со намалување на брзината во разумни рамки. 90/100 km/h во услови на дожд не е срамота, туку неопходност и рационалност.
Видеото со Ауди-то од погоре е одличен пример дека физичките закони и законите на природата важат исто за сите. Кај аудито аквапланинг се случи на 140, кај фиеста ќе се случи на 120...
Ама ќе се случи.
Џабе имаш пари, врски во МВР, премиум гуми, врвно возило ако си глуп.