Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3425461 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Воден клин или по модерно аква планинг. Вода на коловоз е страшна работа, арно остана присебен.
Широчки гумички, летање 140 на дожд, лесно помина. Се надевам ќе ја научи лекцијата.

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
2мм е легално за гуми. Будала е тој што мења на 4-5мм!

А со 4мм веќе завлекува воланот на вирови. Со 6-7мм не ги осеќа вировите. Неможам ни да замислам со 2-3мм што се дешава. Уствари еве што се дешава...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Реакциите на типот беа брзи и - што е уште поважно - одмерени и смирени, без паника и мафтање. Сосем правилно си ги вртеше „контрите“ за да ја одржи колата у линија. Грешката јас ја гледам со возење со една рака во таква ситуација.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Реакциите на типот беа брзи и - што е уште поважно - одмерени и смирени, без паника и мафтање. Сосем правилно си ги вртеше „контрите“ за да ја одржи колата у линија. Грешката јас ја гледам со возење со една рака во таква ситуација.
Грешката е во возењето со една рака, ама мислам дека колата му избега толку зошто удри нагло на кочници.... Се гледа дека човекот пробува да запре, а на целата паника неконтролирано кочи и се бори со воланот за да ја исправи колата. Да ја пуштеше кочницата после второто контра вртење системот ќе можеше убаво да ја исправи и ќе си продолжеше напред

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
На 140-150 на воден клин со отворен диференцијал и самиот систем ја ебе работата и блокира тркала.... Имаше среќа со спротивните маневри и остана колку-толку присебен.

На мене ми се случи со бмв-то воден клин пред Франкфурт со 120 пред неколку години. Од најдесна лента се најдов во најлева. Самошто јас воопшто не кочев, туку инстинктивно му натепав повеќе гас... Спасив глава оти беше празно во средна и лева лента.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
На 140-150 на воден клин со отворен диференцијал и самиот систем ја ебе работата и блокира тркала.... Имаше среќа со спротивните маневри и остана колку-толку присебен.

На мене ми се случи со бмв-то воден клин пред Франкфурт со 120 пред неколку години. Од најдесна лента се најдов во најлева. Самошто јас воопшто не кочев, туку инстинктивно му натепав повеќе гас... Спасив глава оти беше празно во средна и лева лента.
Ми се има случено со BMW-то, при помала брзина ама сепак не ни пипнав кочница свртев контра, системот ја блокираше обратната страна и со една маневра се вратив пак на правецот каде што одев... Кога кочиш му отежнуваш многу на системот за да си ја заврши својата работа...
Аудиво горе е Quattro + има ESP... Можеше многу полесно да се извади од целава ситуација отколку да намали толку нагло, многу комбинации на беља испаднаа како на пример да го спичи некој исто брз колку него со 150-160 додека он шета од лева у десна лента 2-3 пати намалувајќи од 140кмх на 30 кмх... Ситуацијава е 99% среќа и момент...

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Грешката е пребрза вожња на дожд. Но сепак добро изреагира барем да не се забие во ограда.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
140 воопшто не е пребрзо на дожд. Да, брзо е, ама не е пребрзо.

Е сеа.. Да, типов закочи. Мада мислам дека не легна на кочница и не задржа кочница премногу (барем гледајќи му ги нозете). Сè уште сметам дека типот сосема коректно изреагира, со оглед на ситуацијата.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14722
  • Пудингот на шоферството
140 на дожд во МАКедонија е премногу,во Германија не нормално пошо немаш бразди по патот од тешките возила...Е сега зависи од патот,зависи од густината на сообраќај,зависи од количината на дожд...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
140km/h во услови на дожд е свесно играње со судбината.

Ограничувањата на автопат се дадени за во ситуација на поволни временски услови. Дожд на автопат и висока брзина не одат заедно.

Доколку дождот не е пороен, тогаш условите за создавање на тенок филм од прашина и вода на асфалтот е одлична причина да изгубиш грип и да се треснеш некаде.
Доколку дождот е пороен или доволен за да создаде воден слој на асфалтот е одлична причина за создавање на воден клин помеѓу пневматикот и подлогата. Во такви услови пневматикот "стои" врз воден слој, кој пак стои врз асфалтот.
Клинот се избегнува со намалување на брзината во разумни рамки. 90/100 km/h во услови на дожд не е срамота, туку неопходност и рационалност.

Видеото со Ауди-то од погоре е одличен пример дека физичките закони и законите на природата важат исто за сите. Кај аудито аквапланинг се случи на 140, кај фиеста ќе се случи на 120...

Ама ќе се случи.

Џабе имаш пари, врски во МВР, премиум гуми, врвно возило ако си глуп.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Се согласувам од збор до збор, дури и дека 140 е играње со судбината. Особено се согласувам со последната реченица. :)

140 во Македонија на дожд е огромен ризик. Во Германија не до толку, ама и таму е. Треба човек да е разумен.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Теоретски точак со гума широка 55 милиметри би излизгал при 200км/ч, замисли 225 широка гума колкав притисок прави и колку повеќе вода мора да исфрли, да шарите помагаат но само одредена количина вода можат да спроведат. Сеа не знам да пресметам но по некоја логика колку пошироки гуми, толку помала брзина и треба за акваплаг. Еве аудито на 144.
Цитат
Unlike a car, a bicycle will not aquaplane. The contact area is much smaller and the contact pressure is much higher. The floating effect of aquaplaning could only theoretically be achieved on a bicycle ridden at speeds over 200 km/h.
https://www.schwalbe.com/en/profil.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
140 воопшто не е пребрзо на дожд. Да, брзо е, ама не е пребрзо.

За Тојота Корола не е пребрзо, за Порше 911 е пребрзо.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
140 во Македонија секако е ризик... Дури и во идеални временски услови, НЕ знаеш од кај те демне смрт на овие наши патишта...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
140 воопшто не е пребрзо на дожд. Да, брзо е, ама не е пребрзо.

За Тојота Корола не е пребрзо, за Порше 911 е пребрзо.
Баш така!
Королата со 195/65/15 и 7мм бразди на 140кмч нема да има никаков проблем. Додека 911 со задните 265ки спорт и просечни 3мм бразди ќе излизга на 90кмч.

https://www.tirerack.com/images/tires/tiretech/mixing_tread_depth/treaddepth.jpg