Друже Бузуки, секогаш во моментот е тешко да видиш кој е и што е, највеќе гледаш да изреагираш да одбегнеш... Ако сакаш да го најдеш барај камери од бензиска при патот што би можеле да го фатат колку да видиш што кола е (најчесто снимаат према патот) и после према тоа ќе биде многу полесно да се најде само треба замарање во полиција... Слична случка со мајмун што бега имав пред месец два кога го земав BMW-то... На враќање од Скопје према Велес, последната кривина на лево пред исклучокот кај Едмонд (Отпад Дине). Возам околу 120 км/х, во десна лента. Пред кривината Штипска Opel Corsa B сребрена боја. Си вози во најдесно во десна лента, со пола возило во десна лента и пола надвор, ( полната линија низ средина на возилото мине). Јас имав план да продолжам понатаму до следниот исклучок, му се приближувам на едно 10м позади него, гледам дека вози многу надесно па блицнувам и се префрлам во лева лента да го претицам... Немам појма дали правеше обид за самоубиство, или беше заспан или пак пијан, стварно не можам да си објаснам... Типот возеше негде 80km/h ништо повеќе, точно у моментот пред да го поминам немам појма од која причина буквално смота полн лев... Ми се искоси пред кола, по брза проценка мавнав само на гаста и не знам како ама успеав да се спровнам скроз лево до банкина и да го поминам... Таман си викам добра е, спасивме глава... втора несреќа се погоди нешто да има на банкината (камен или нешто друго), ми пука гума и буквално ме фрла на десно према заштитната ограда накај велес... се борам со воланот, на 3-4 метра од оградата се врти контра па на лево ме фрла... Колку толку со тоа искуство шо го имам знам дека ако мавнеш на кочница го задржуваш правецот на каде што се лизгаш и излетуваш од патот... Борба со воланот, 3-4 вртења, лево, десно, даде господ да има повеќе простор за да може да ја вратам, ја додржав некако ја исправив... буквално се вртевме како оние арапите на yt што ставаат видеа... ја исправив некако и почнувам да кочам и намалувам на 20-30, уште изненаден од ситуацијава се вртам до мене типот си стави една подоле и си ја спрашти право... Не успеав да запамтам регистрација... Луѓе од бензиската дојдоа одма кај подвожњакот, ми викаат шо се случи знаеш ли колку гласно пукна ние мислевме сообраќајка има нешто... Можев да го пријавам ама не ми се замараше, нека им служи на чест и на совест на вакви идиоти.. Ми беше единствено битно што извадивме жива глава, бев со четворица во кола... Некогаш не е битно колку знаеш да возиш ти, туку некој друг... Имало господ, малиот ѓавол...
Среди си ја колата, ако можеш да го најдеш арно, ако не.. тоа е тоа... Ќе остане уште еден морон во сообраќајот што ќе ризикува туѓи животи уште неколку пати... Се додека не бидне нешто фатално... Луѓе сме, на сите може да ни се случи грешка, ама се има свои граници...
