Олабаете бе нервозни возачи.
Дневно низ Скопје вртат да речеме 1000 точкаџии/моторџии/тротинетџии што движат строго низ Центарско подрачје/булевари т.е. најголеми гужви.
Е па замислете само +1000 коли во гужвите по булеварите. Ај све нешто ви смета, мене колите ми сметаат. И сеа шо? И шо и шо и шо?
Зошто да замислиме хорори, а не нешто попаметно? На пример 2000 точакџии/моторџии/тротинетџии? Хммм, бајаги растеретено низ градов замислувам дека е. А со 3000? Море зошто не и 5000? И онака скоро сите се сами во кола за „до онде“. Паркинзи нема да бараат, семафори слободни, нервоза намалена. Интересно зарем не? Згора на тоа оние кои навистина мораат да одат со кола, кои носат деца, достава, носат работи ќе се наоѓаат во многу помала гужва и со многу повеќе паркинг. Ама па за што сум ја купил колата, дома ли да седи?

Win-Win-Win-Win.