Ја да ви кажам после 4 испиени пива. Знаете сите од форумот што работам и сметам дека на оваа тема можам да пишам.
Кај нас проблемот е настанат од самиот почеток.
7-8 год сум по Европа секој ден по 500-700км правам и гледам секакви дешавки. Од ризични шофери до смртни случаи.
Зошто викам дека е од почетокот, затоа што авто школите се мизерија.
Инструктор може да стане секој, дури и некој кој што у Скопје бил само на лекар. (го спомнав Скопје затоа што тоа е поим за сообраќај во мк)
Самите инструктори немаат поима и немаат видено како функционира сообраќајот во современиот свет.
Часовите се "колку да ги имаш" ќе научиш после да возиш. Тотална глупост.
Не знаат да ја дадат основата на шоферот, на што да се внимава, и до каде се можностите на возилото, и што се последиците од несоодветно користење на возилото.
(после се чудиме зошто Германија не ни ги признава возачките).
Народот е многу лош, не знае да комуницира за своите проблеми, се срами да се консултира со психолог и целата нервоза гледа да ја истури на некој непознат за да дома глуми среќа.
Новопечени богаташи и татини синови. Немаат друг начин да легнат нешто па мора да се покажат преку материјалното. Имаат многу врски и пари па можат да купат се па дури и човечки живот (знам минимум 3ца што не отидоа затвор а убија човек во пијана состојба)
За врските, ќе кажам и за нив, ако некој џандар случајно чита, не го пуштај, му правиш лоша услуга. Правам моабет на бербер, беше присутен и полицаец. Вика не пуштам повеќе никој под алкохол. Зошто му викам?
Епа 3ца ми се јавија за да пуштам едно лајно, пијано, по 50м удри во паркираните коли и искрши 4, ете затоа.
Ние бе луѓе смрдиме од почетокот, исфрустрирани сме ко нација, тешко ни е да признаеме вина, полесно е да ја бараме во друг, не знаеме да кажеме извини, секогаш сметаме дека сме во право, а во суштина сме едни големи пички, што доколку дојде момент да се бара одговорност од нас или да извршиме некоја ДОЛЖНОСТ гледаме да фатиме кривина.
Гледам дека предложувате бесилка, ќотек и слично, џабе е не помага, ние сме осудени на самоуништување.
Веќе станаа 6 пива, може некој нема да разбере, некој ќе разбере. Да испратам некоја порака немам, можеби нема ни цел ова што го пишав, ама сеедно ми е, бар сметам дека сум свесен за тоа што го гледам околу себе. Мој совет, стара поговорка, ако не можеш да ги победиш, придружи им се. Ќе додадам, ако не можеш да им се придружиш бегај од таа вукојебина северна Македонија.
Sent from my VTR-L29 using Tapatalk