Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3186604 пати)

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Пират, комплетно се согласувам. Може и ова

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Сите учесници во сообракајот на патиштата треба детално да се запознаат со содржината на Упатството за употреба на Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди (се наога на последната страна). Во основа Европскиот извештај се однесува на сите сообраќајни незгоди со мала материјална штета. Меѓутоа, во почетната фаза од примената на истиот се цени  дека  Европскиот Извештај треба да се пополнува и  потпишува  тогаш кога и двата учесника (возачи) се согласни за фактичката состојба односно за начинот на случување на сообраќајната незгода. Потписите на учесниците во сообраќајната незгода не значат дека е постигната согласност за  вината за сообраќајната незгода.Тоа значи, дека потпишувањето на Европскиот Извештај за сообраќајна незгода не значи и признавање на вина.

Бујрум.

и мене така ми кажа од Еуроинс, а овој од деловницата на Винер вика спротивно.
ЕВЕ  зошто е важно се ова. Пред некој ден пријателот на лазење удри автошкола која ненадејно застана, напред седев и ништо не осетив, но не ја удри колата туку ја удри само КУКАТА !! (автошколата си возел со кандидат со недемонтирано кука долга ). Тој имаше 0 штета а нам ни се распука на едно место браникот, т.е. топчето влезе во браникот. Да бев јас со мојата стара кола нема ни јас да имав никаква штета, тие браници само се вдлабуваат , ќе го загрееш и се исправа. Овие новите ќе треба да се вади, да се завари и офарба. Кога дојдовме мајсторот ни вика што не му се заканивте со полиција. Арно, ама тој може си има луѓе во полиција и да му напише после ќе му ја скинат казната за возење со кука а на тој што повикал ќе му дојде да плати увиѓај, 250 евриќи.
Но поентата е друга. што ако возилото кое удира во куката на предходното има делумно каско, а овој што е удрен во кука ( а има 0 штета ) не сака да прави европски записник ?? Ако му викнеш полиција ќе ти каже тоје крив за возење со кука ама ти си го удрил во кука, пак плакаш увиѓај. Истото може да се случи ако имаш дешавка со коли  што се шлепаат ако си крив. Они ако  немаат штета нема да сакаат ни европски да прават за да не случајно ги казнат.
Посебно има и друго, ако биде поголема штета кај тебе а имаш само делумно а не фул каско,  компанијата може и да не ти признава штетата, ќе рече приватно да го тужиш тој што возел со кука, демек несоодветна употреба на возило... а истото ќе биде и тој пред тебе ако има на кров некој долго железо... Има на интернет некое судење каде Винер ги тужел колите што направиле европски записник дека главната штета не е од ударот туку се сомневаат дека е удрено во кука од предно возило  а на увид кај компанијата таа е демонтирана, си изгубија и пари за штета и плус дебели судски трошоци. Да не зборувам што 50% од полиција и не ги знаат законите... пред некој ден ми кажа другар, сега бил на технички со недемонтажна кука и ништо не му рекле ?? Сигурно има и други дубиозни ситуации, така од ова европски записник не гледам некоја полза. А нема народ и култура, доставни возила маваат по паркинг правилно паркирани возила и си одат, никој не оставил на оштетеното возило барем телефон... а и бегаат, и да го видиш. Мене уште пред 10 години додека стоев 100% правилно  во лента зглобен автобус од другата лента ми го скрши ретровизорот и избега. Сите возила околу мене се разбегаа како ебола да има, срека настанот го виде полициско комбе и прати полиција , бусот го најдовме на почетна автбуска под железничка, си наплатив штетата ( ама и тоа со судни маки, Кјуби 3 месеца криеше дека бусот е кај нив регистриран, мораше човек од компанијата што ми направи процена инсајдерски да ја најде во Кјуби полисата, немале програм по регистрација на таблица да го најдат дека е кај нив !!!)

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2792
Стварно животот е нефер... исто како и ти :D :D :D

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Стварно животот е нефер... исто како и ти :D :D :D
Епа јас поодамна сум нефер , колата ( т.н.р. фиеста корњача) само по 2000км годишно ја возам, не ги поправам гребаниците и слично,само масло и филтер 1х годишно, в лето максимално користам велосипед а и автобус... Е чекам некој од nekoja автокуќа да ма праша зошто не купувам нова кола а имам пари :D :D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Да не се удреше еден од двајцава ќе беше чудо :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
читај малку што сум напишал! без да застанеш! во идеални услови. без семафори. па сеа ти прерачунај ако сакаш колку те фаќа за тие сто километри. значи се возиш цел ден со точак и ништо не работиш. браво ;D пази да не те опне некој на пешачки :)
neshto si greshka druze.. citaj ti jas shto pishuvam... :) na tocak posleden pat se kaciv vo 40ratot... :) zad volan druze... zad volan gi proagam tie kilometri...

Saka da ti kazi deka ako ne si taksist tesko deka ke imas rabota koja kvalitetno ke ja izvrsuvas bideki vremenski e stvarno mnogu vreme pominato zad volan.

за во битола да.. 100+ км пројдени низ град се стварно многу... за низ скопје, со активно работење (технички сервиси во домашни услови) за 12-14 саати на ден, е нешто што е вообичаено...

сега ке каже некој, па ни дистрибутерите во град не проаѓаат толку... е па не проаѓаат де... они идат една линија т.е. еден правец од дуќан во дуќан од кол на кол... јас не правам така... кај мене д руг проблемот... во дуќаните секогаш има некој... во домашни услови, некој може одсабајле, некој на пладне, некој само касно навечер... сега возам и работам турбо... за 1-2 месеци завршува таа прикаска и после ке си седам во офис, ке извозувам 20-30 км на ден и тоа е тоа...

плус членот веке ме цитираше и се изјасни дека грешно ме разбрал.. мислел дека за точак збориме а не зад волан...

5x релација Драчево - Ѓорче = 100 км... Не знам што толку ви се чини дека е многу...

да... како посочување на релација и км е доволно... еве во четвртокот на пример имам 2-пати возење волково-ново лисиче... извозено и сработено на објект се вкупно за 3 саати... а работев тој ден 14 саати... нека прерачунаат сами колку км се тоа... инаку тој ден извозев 175 километри... ;D

и уште нешто... не се сеќавам кога последен пат во комбето сум возел по ограничување... ако возам така, нема да стигнам на се што е договорено за тој ден...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34161
  • Таков е животот... јебига
и уште нешто... не се сеќавам кога последен пат во комбето сум возел по ограничување... ако возам така, нема да стигнам на се што е договорено за тој ден...

Не е ни битно. Чим толку работиш  пун пари си па ќе плаќаш сметки.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
и уште нешто... не се сеќавам кога последен пат во комбето сум возел по ограничување... ако возам така, нема да стигнам на се што е договорено за тој ден...

си пробал?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34161
  • Таков е животот... јебига
Море, кај мене кога доаѓаше каков прекршок направи, јас до тогаш не ни знаев дека таму можело да се наорави таков прекршок ;D

Онак ти е ремек дело и мегаломанско је дело природе ;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Озбилно прашувам дали пробал, можеби ќе стигне да заврши све, и покрај тоа што му се чини дека нема да стигне.

Mинативе 2 недели секојдневно по неколку пати со колегите возиме Тетово - Гостивар - Тетово - Гостивар - Teтово - Гостивар... по неколку пати. И, нормално, ако нема џандари, колегите шибаат 100-120 пошто ако возеле 80 цел ден само ќе сме возеле и нема да сме стигнеле да завршиме работа. Пошто многу тупев, ги отрув од мрчење, па некако ја симнавме брзината на 100, ама под 100 неќеа да чујат: они си ги сакаат куровите толкави колави што им се, а како што знаеме сите ако се вози под 100 на автопат курот на тој што вози се скратува, така да 100 е долна граница под која не смее да се вози.

Ги прашав дали знаат колку време разлика е меѓу 80 и 100. Имаше секакви проценки, но се движеа меѓу 5 и 10 минути. Им кажав дека сум израчунал дека разликата е 90 секунди без да се земе во предвид забрзувањето и дека реалната разлика е уште помала. Не веруваа „ахаха нема шанси ахаха нешто си утнал ахаха ебате математиките какви 90 секунди бе ало“. Едвај ги наговорив една тура да мериме. Меревме од патарина до патарина со апликација штоперица.. Испадна 75 секунди разлика во време од патарина до патарина. Па, така, сега возат 80 и не се нервираат. Требаше само да пробаат.

Ги поканувам сите кои мислат дека со возење по знаци многу ќе им се оддолжи патувањето да не зборат на памет туку да пробаат. Ќе се изненадите колку незначителна е разликата. На најдолгите можни дистанци во мк, разликата ќе се мери во неколку десетици минути, не повеќе.

ok pozz

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7440
Шо бе, не те исфрлија од кола ? I would do that. ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43942
  • Il Moderatore
Меревте помеѓу 80 и 120 разлика?

23km (еден правец) се поминуваат за 17 мин. 15 сек.  со 80км/ч. истото растојание со 120км/ч се поминува за 11 минути и 30 секунди.

ако пет пати го поминуваш тој пат (толку избројав од твојот пост) тогаш заштедата е 0:57.30 вс 1:26.15 или по нашки, пола саат.  Пола саат во текот на денот значи една пауза за доручек заштедена, една пауза за кафе... а исто си релаксиран и без нервози.

Дали имаше некоја друга причина освен знакот 80 да не се вози 120 на тој пат? Јас многу сакам да заштедам 1/2 саат во секојдневното возење.

 


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Се разбира, брзото возење затоа што така се штеди време е само безвезен изговор. Вистинскиот мотив е просто желбата за брзо возење, другите објаснувања се дрн дрн

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Озбилно прашувам дали пробал, можеби ќе стигне да заврши све, и покрај тоа што му се чини дека нема да стигне.

Mинативе 2 недели секојдневно по неколку пати со колегите возиме Тетово - Гостивар - Тетово - Гостивар - Teтово - Гостивар... по неколку пати. И, нормално, ако нема џандари, колегите шибаат 100-120 пошто ако возеле 80 цел ден само ќе сме возеле и нема да сме стигнеле да завршиме работа. Пошто многу тупев, ги отрув од мрчење, па некако ја симнавме брзината на 100, ама под 100 неќеа да чујат: они си ги сакаат куровите толкави колави што им се, а како што знаеме сите ако се вози под 100 на автопат курот на тој што вози се скратува, така да 100 е долна граница под која не смее да се вози.

Ги прашав дали знаат колку време разлика е меѓу 80 и 100. Имаше секакви проценки, но се движеа меѓу 5 и 10 минути. Им кажав дека сум израчунал дека разликата е 90 секунди без да се земе во предвид забрзувањето и дека реалната разлика е уште помала. Не веруваа „ахаха нема шанси ахаха нешто си утнал ахаха ебате математиките какви 90 секунди бе ало“. Едвај ги наговорив една тура да мериме. Меревме од патарина до патарина со апликација штоперица.. Испадна 75 секунди разлика во време од патарина до патарина. Па, така, сега возат 80 и не се нервираат. Требаше само да пробаат.

Ги поканувам сите кои мислат дека со возење по знаци многу ќе им се оддолжи патувањето да не зборат на памет туку да пробаат. Ќе се изненадите колку незначителна е разликата. На најдолгите можни дистанци во мк, разликата ќе се мери во неколку десетици минути, не повеќе.

ok pozz

има друга работа зошто не е добро да се вози на автопат 80км/ч ( како во Албанија); едно е глупо да му плаќаш патарина кога може 80км/ч да возиш на регионален пат, а друго поважно е што се загрозуваш бидејќи  ќе те претекнуваат не само комбиња туку и камиони, а 70% од дешавките на отворен пат се во врска со претекнување ... по мене неприфатливо е на автопат да се вози 80 ( освен ако има некоја вонредна потреба)