За жал сведоштвата од секојденвните возења низ градов се дека подеднакво возрасни и не така возрасни прват груби прекршоци (директно загрозување на нечии живот) без да бидат санкционирани. Брзо возење, поминување на црвено светло, полукружни вртења на сред улица преку две полни линии, возење во спротивна насока на едносмерни улици, престројување со буткање на сред раскрсници, посотојана промена на лентата на движење и преминување по две коловозни ленти одеднаш за „подобра пол позиција“, застанување на кружен тек (имам видено во Ѓорче дури и да ја остават колата и да излезат до неа)..итн. Насилничко возење кое предизвикува непосредна опасност.
Поентата е, што веројатно и тука мноугумина ја навестија, дека родителот или кој и да е тој што го израснал воопшто не ни се обидел да го направи правилното, и што е многу веројатно кога неговите деца ги возел во кола додека растеле ги возел исто така, „насилнички“ како што и тие сега возат.
Малку те поправив. Не си во право, брзото возење во никој случај не е проблем и е оправдано. Проблем се само оние што поминуваат на црвено, возат под дејство на алкохол и пешаци што поминуваат улица.
Еве и ја да те поправам. Убаво што ги сведе сите проблеми во сообраќајот на само три инстанци, само што тоа и не е баш точно.
Исто така проблем се некои шофери на ЈСП што се понашаат као да го ослободиле Скопје, што особено доаѓа до израз кога ќе се зајадат со приватњак. (мала дигресија: CHALLENGE!! Кој ќе успее на странец да му објасни државен и приватен јавен превоз, го частам минимум сикспек пиво по избор).
Исто така проблем се стари чичиња на точкови што к** не им дреме ни кај возат ни како возат.
Исто така проблем се млади фраеришта со нови точкови што глумат каскадери па и они си даваат за слобода да проаѓаат на црвено.
Исто така проблем се ропаци на скутери, кои сакаат да бидат третирани како еднакви во сообраќајот, меѓутоа истовремено проаѓаат раскрсници на пешачки и возат на тротоари.
Исто така проблем се некои од припадниците на државните институции кои ама уопште не им дреме ни како возат, ни каде возат, ни како и каде паркираат.
Исто така проблем се пешаци што пешачкиот го гледаат како поле за изразување на своите манекенски квалитети, па тие што се решиле да застанат, треба да патат како копилиња.
Исто така проблем се пешаци што проаѓаат на места каде што имало пешачки, но веќе нема, и се невероватно воинствени, тукуречи убитачни ако им свирнеш малку.
Има многу многу повеќе проблеми од само „поминување на црвено, возење под дејство на алкохол и пешаци што поминуваат улица“.