Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3079221 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
каква само заблуда смести Онак алал да му е, човекот има мотор и мисли дека се што ке се прикаже на јутуб каде што моторите губат се е фејк а само пред една недела декларираше тука дека едно клио рс неможел да го стигне :)
@Kikac незнам дали примети ама на 35та секунда кога моторот фукаше до крај (без разлика која брзина) аудито лагано му се лепеше така да слободно сега продолжете да анализирате дали е фејк или не...

прво не ме сместувај во твоите мисли. можам да ти прикажам (а и сам можеш да си најдеш) еден тон клипови кај што мотори губат од коли... треба да си луд да тврдиш такво нешто. не ме мести мене. заклучок: измислуваш лага во мое име.

второ не реков дека клиото неможев да го стигнам туку дека едвај се држев до него, а плус двајца бевме на моторот (јас и жена ми) да бев сам друг муабет ке се праеше тогаш. неможеш ни нагло да стиснеш а да не се дигне предното тркало во воздух кога имаш човек позади себе... заклучок, пак измислуваш лага во мое име.

трето, да сакав да декларирам такво нешто (дека моторите се непобедиви) поинаку ке зборев.. јас не го реков тоа, туку реков дека моментот кај што пишува дека возел 280 не е точен, бидејки има премногу мала разлика во неговото возење во однос на другите, затоа 280 е нереално, бидејки другите би требало да возат преку 200... и од кога брзиномерите се прецизни, непогрешиви и нерасипливи? поготово дигиталните-електронски? заклучок: се обидуваш да ме исмееш... само забораваш дека сум тука и читам т.е. не сум јас бугар, да напишам и да заборавам што ми напишле, и да заборавам да проверам што ми одговориле...


и четврта последна работа е дека пола ако не и поише од тука присутните, нити возеле нити се возеле побрзо до 150 во животот свој. еден убав дел од нив ни побрзо од 120 не виделе. ова последново (кој со колку се возел) не е наменето за навреда, нити за фалење, туку само да подразмислите која брзина е тоа што сте го доживеале и виделе, па споредето го со бројкиве тука што ги расфрлате.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Јас пишав алал да ти е како само успеа да надвалдееш со твоето мислење над сите и да бидеш толку убедлив што е далеку од исмејување туку баш обратно. И второ незнам дали примети дека камерата му е на метро од шофершајбната што значи дека дава сосема друга перцепција за брзината на движење.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
друга перцепција на движење или лажна може да ти даде кога не си опкружен со еден куп други репери он е во сообраќај со други возила околу него. баш за нив зборам цело време.


туку ај не битно, нејкам да се замарам...

следново што ке го пишам нема врска со тебе ахтунг нити со темева...

слушнав тука дека имам некоја група на антифанатици према мене. слушам дека не сум им се свиѓал како личност и како пишувам. а тоа е затоа што се сметам себси за хард кор реалиста, а и по природа сум човек што не преќутува, значи враќам на секого што ке се инати со мене... истите тие луѓе, немајки како да ми вратат во последен период (во недостаток на гафовите од бугар, лоши патишта, сирпсајхосекси и филив) се обидуваат да направат будала од мене т.е. да си го разубават денот така што ке си го наполнат своето его плукајки по некого во случајов по мене.. е нема да ви дозволам. истите тие луге се оние кои нај често тропаат секакви будалаштини, се прават нај паметни без тронка искуство и оспоруваат се, затоа што, нели, они знаат се, ние не...

прво да се разбереме нема да ме спречите да се дружам и понатака со пријателите што ги стекнав на форумов, ама нема да ви дозволам да си играте курот со мене...

поздрав на сите.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Сабајле, 7:50, девојче успешно претрча преку лева и средна лента на Партизанска, за во десната да налета на Поло кое ја дигна на хауба, па на кров. Не беше многу повредена, но возачот на Полото излезе од кола плаќејчи, видно истрауматизиран.
Ова се случи точно на автобуската кај Х. Карпош кон Центар, rush hour сообраќај, девојчето најде тогаш да скока жардињери и да ја предизвикува смртта.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Добра е колата?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Возеше околу 40 пред да згазне на кочница, така да со мала брзина удри. Капакот од ретровизорот беше на асфалт, други штети немаше.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Штета за хаубата, ќе треба да се пегла.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
друга перцепција на движење или лажна може да ти даде кога не си опкружен со еден куп други репери он е во сообраќај со други возила околу него. баш за нив зборам цело време.


туку ај не битно, нејкам да се замарам...

следново што ке го пишам нема врска со тебе ахтунг нити со темева...

слушнав тука дека имам некоја група на антифанатици према мене. слушам дека не сум им се свиѓал како личност и како пишувам. а тоа е затоа што се сметам себси за хард кор реалиста, а и по природа сум човек што не преќутува, значи враќам на секого што ке се инати со мене... истите тие луѓе, немајки како да ми вратат во последен период (во недостаток на гафовите од бугар, лоши патишта, сирпсајхосекси и филив) се обидуваат да направат будала од мене т.е. да си го разубават денот така што ке си го наполнат своето его плукајки по некого во случајов по мене.. е нема да ви дозволам. истите тие луге се оние кои нај често тропаат секакви будалаштини, се прават нај паметни без тронка искуство и оспоруваат се, затоа што, нели, они знаат се, ние не...

прво да се разбереме нема да ме спречите да се дружам и понатака со пријателите што ги стекнав на форумов, ама нема да ви дозволам да си играте курот со мене...

поздрав на сите.

Онак нема антифанатици против тебе, има само луѓе што тролаат.

Сабајле ти пишав дека се гледа колку вози а ти ми викаш само чак норис може да знае колку вози. Еве ти слика:



После тоа ти пишав дека има дигитална брзина и дени исто така ти пиша.

@onak Izmegju obrtometarot I kilometrazata ima digitalna brzina.Jas toa go gledam. A za toa kolku vozat drugite koli nemoze da se kaze od videovo.

Си има километража видлива на видеото. Точно се гледа колку вози.

И на крај наместо да признаеш дека си згрешил и можда не си видел дека има дигитална брзина, не убедуваш дека таа брзина не е точна.

Поздрав

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
ЗА вакво возење треба в затвор да се лежи.

ај објасни зашто?

Не за друго, освен заради тоа што, фактот што вози таква машина не му дава за право в џеб да си ги стави животите на совозачката и сите возачи наоколу. Знаеш во Скопје колку се изнагледавме трагедии од вакви „самоуверени“ возења,самово последнава година? Да почнам да ги набројувам?

Ако Скопје не е за споредба, да ги спомнеме сите кои се случија заради вакво возење на поранешниот „Братство Единство“ вдолж (единствено личи на автопат во регионов, ако ги исклучиме новите автопатишта во Хрватска)?

Потенцијалот да убие невини луѓе, треба да се „награди“. Затоа затвор.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
@onak druze tesko da se izvadis od ovaa kasha :D
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
од која каша да се вадам? има ли поради што да се вадам? тие што имаат желба за објаснување и инатење ппишуваат.. вистинските кои возеле брзо и се согласуваат со мене молчат и не коментираат... тоа што на километражникот пишува 279 во моментот едноставно не му верувам и неможе да биде точно, зашто неговото возење во однос на другите е 40-50 км побрзо тоа значи дека сите други возат преку 200 т.е. 230-240 на саат.. мало сутра... има и на форумов кои виделе километражици што лажат... а тое е лесно да се постигне.. стави помал бандаж со ниско профилна гума и ете ти отстапувања на километражникот огромни кои на поголема брзина се по драстични, т.е. се зголемува разликата...  

па само 10 милиметри да скратиш во висина на 16-ка бандаж (да земеме основа од 195-65-16) имаш отстапување од 33 милиметри во дијаметар и разлика од 8 км на саат до 100, кое логаритамски се зголемува повеке од двојно на 200 и тројно до 280... ако туриш 15 милиметри пониска гума ке имаш 51 милиметар разлика и преку 14 км разлика до 100... а тек ако туриш 15-ка бандаж наместо 16-ка колкави ке бидат разликите?

ако сакате сами да пресметате, еве ви онлајн калкулатор за тоа, па пресметајте.
http://www.evropagumi.com.mk/KorLink_Kalkulator.aspx

а плус и не заборавјте дека со закон (на сведско ниво) забрането е возилото да покажува помалце брзина од реалното. чак што више дозволено е да покажува дека возиш побрзо одколку фактичката состојба што е а и многу производители и прават една таква мала разлаки во позитива која изнесува околу 3 до 5 % повеке.. значи километражникот може да ти покажува дека возиш побрзо одошто стварно возиш (мал процент нели) уште од фабрика така излезена колата...

е па сега фино, искалкулирајте ја можноста на грешка на километражникот, додадете ги оние проценти дозволено покажување поголема брзина, плус пониска гума и ке видите дека постои реално шанса да греши километражникот и тоа многу да греши... поготово кога покажува 280 (279) км на час.


инаку, немам појма која гума фабрички носи колава од клипот, не ме ни интересира. исто така немам појма ни какви гуми има моментално на колава, исто како што ни вие немате појма... и за последен пат, колава не возеше 280. а и моторот-кавасакито не го стисна до крај типот. и немам што од никаква каша да се вадам, пошто сметам дека сум во право, не за друго имам некакво искуство со оваа проблематика... знаете ли на времето како се правеа финти (пред да има комисии за проверка) кај таксистите на таксиметри? едноставно, тураш пониски тркала и гуми на погонските и имаше разлики во цена и до 35% за исто поминато растојание. само што кај таксистот не е толку, туку покажува дека повише км е пројдено...

како и да е, ви дадов повод за уште еден ден тролање... бујрум, пукајте си ги кејфовите на мој рачун.. а јас ке се одлогирам за да не ги читам глупостите...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
@Onak Druze preterues po nekat.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Онак, не е проблемот дали возел 150 или 280, туку како возел, барем ако јас се прашувам, а на снимката се гледа во какви ситуации се става и ги става и другите учесници во сообраќајот (влегување во ножички, престројувања преку 4 ленти итн.)

И уште нешто, немам ништо против тебе, напротив, го почитувам твоето возачко искуство и тебе како човек, само не се согласувам по погоре наведените основи со твоите ставови.

Поздрав.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
тие што имаат желба за објаснување и инатење ппишуваат.. вистинските кои возеле брзо и се согласуваат со мене молчат и не коментираат...

Значи, ако некој не ти коментира - мисли дека си во право?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
тие што имаат желба за објаснување и инатење ппишуваат.. вистинските кои возеле брзо и се согласуваат со мене молчат и не коментираат...

Значи, ако некој не ти коментира - мисли дека си во право?

И јас сакам да го знам одговорот на ова прашање. Еве, јас не се согласувам со ништо од горе кажаното, па не дискутирам.
Моторите успорија порад бампи роуд (си пишува и на видеото).  Момците си се издуваа, се надевам на германски автопат без ограничување. Другото кој кого можел да му кидне - детски муабети.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.