Polo R e уловен е на тестирање
27.09.2011
Дека Volkswagen подготвува уште пожешка верзија од GTI за новата генерација на Polo докажуваат уловените фотографии за време на тестирање на прототиповите некаде низ планините во Шпанија.
Автомобилот ќе биде најбрзото Polo кое се произведува сериски и ќе ја носи ознаката Polo R. Исто како Golf R. Според изворот на информацијата автомобилите што тестираат носат аеродинамичен кит од Polo GTI и неговата ознака одзади.
Под хауба на Polo R ќе работи турбо бенизнецот од 1.6 литри со директно вприцување на горивото. Тој е изведеница од моторот што работи во релистот Polo R WRC, но за во серија ќе ослободува помалку коњи.
Место 300 КС колку што му се потребни на тркачот, Polo R ќе има „само” 210 КС за кои се верува дека ќе му обезбедат на малечкото на VW и повеќе од добри перформанси и возна динамика.
Погонот ќе биде напред, а спринтот до 100 km/h во рамките на 6 секунди, велат инсајдери во проектот. Polo R треба да се појави на пазарот во текот на следната година.
http://www.vozi.com.mk/spy-photo/polo-r-e-uloven-e-na-testiranje.html