Hyundai подготвува нова специјална верзија на своето купе Genesis со V6 под хауба и погон на задни тркала која ќе го носи името Hurricane SC и е развивана цели две години во своите лаборатории.
Одговорни за создавањето на Genesis Coupe Hurricane SC се инженерите и дизајнерите од американското одделение на алијансата за развој на нови технологии и дизајн HATCI - Hyundai Kia America Technical Center.
Од Hyundai истакнуваат дека оваа специјална серија на Genesis Coupe има значителни измени во поглед на моќноста, трансмисијата, сопирачките и дизајнот на каросеријата и кабината.
Воедно не се сокрива дека на проектот Genesis Coupe Hurricane SC инженерите на Hyundai работеле заедно со специјалистите на фирми како Magnuson Products, Rhys Millen Racing, Harman International и Trovec.
Hyundai сеуште не открива многу за Genesis Coupe Hurricane SC и објавува само цртеж за тоа како ќе личи автомобилот. Сепак се знае дека на моторот работеле инженерите на Magnuson Products.
Тие на алуминиумскиот мотор поставиле нова пумпа за гориво, нова пумпа за масло, нови ладилници, нов систем за вшприцување на гориво, ја ремапирале управувачката електроника и од иста зафатнина од 3.8 литри извлекле 450 КС.
Каросеријата на Genesis Coupe Hurricane SC е украсена со нови браници, напред со интегриран спојлер и назад со дифузор, нова хауба и нови прагови се од карбон-фибер, плус ковани леснометални бандажи од 19 инчи.
Светлата користат технологија LED и нив ги подготвува фирмата FlyRyde, додека амортизерите се на Bilstein, a сопирачките се на Brembo. Останатите детали Hyundai ќе ги открие на претставувањето на SEMA.
http://www.vozi.com.mk/tjuning/hyundai-go-tjunira-genesis.html-------------------------------------------------------------------
duri i Hyundai vadi poveke snaga/litar od Lamborghini Aventkurador.