@Simo, ни едно ни друго. Европската конкуренција кога станува збор за големи кабриолети е преголема и предобра. Audi A5 Cabrio, BMW 3 Cabrio, (технички) E-Class Cabriolet, итн. ќе мачкаат под со „Флавиа“. Нит дизајнерски ми се свиѓа, ама ајде, да кажеме дека тоа е субјективна работа, па за дизајн да не разговараме. Ама нити ми изгледа пропорционално, нити ми изгледа привлечно.
Плус, ограниченоста на моторите ќе си го направи своето. Ние во Европа сакаме дизели. Го сакаме нивниот вртежен момент и економичност, па дури и за вакви возила. Ја разбирам потребата на Lancia да има кабриолет и дека кога станува збор за брендот, во моментов е џа или бу, и ја разбирам потребата на Fiat да се пробие на Американскиот пазар. Ама работата е што во моментов во Америка има тренд на купување мали, тренди и економични возила. Во Европа нема тренд на купување Амерички копнени јахти кои од една страна не се доволно конкурентни со Европските конкуренти, од друга страна имаат ограничен избор кога станува збор за мотор.
Америте вложија многу во Chrysler 200. Ама по тоа што сум прочитал, колата како целина не е ништо посебно. По тоа што можам да прочитам, колата тежи 1860 кила. Ауди А5 тежи 1655, ме мрзи за другите да барам сега, ама 200 кила не е мала разлика.
Во секој случај, мислам дека нема многу да продадат. Колку и да го сака Европа брендот на Lancia, не се спремни да проголтаат нашминкан Американец како замена за Европски фраер.