Целиот овај напредок е благодарение на тогашниот претседател Денг СјаоПинг, кој Кина ја оттргна од затворен "Маов" систем, во отворена модерна социјалистичка земја. Западните компании сакаа ефтина работна рака, тие им ја понудија Кина, океј дојдете влезете, влегоја сите овие на кинеско тло, тие мислеа дека само ќе ја користат работната сила, ама во меѓувреме како што рече, учеа и стекнуваа знаења, што се вика, чиракот треба да краде од занаетот за да научи, иначе никош нема да стани мајстор. Така и кинезите, прераснаа прво во супер технолошка сила а потоа и економска. И баш тоа што рече се случува, западот не го очекуваше овај напредок на Кина, гледаа со потсмев, а сега не можат да им парираат. Затоа секогаш се вели дека ученикот секогаш излегува подобар од професорот.
Башка и за ресурси. Тие имаат се, не увезуваат ништо од надвор, сето е нивно домашно производство, и материјали и природни ресурси. Едино што увезуваат на големо е само нафта и енергенси,итоа од Русија најчесто е тоа. Затоа и се ефтини нивните производи, бидејќи се е нивно. А европските производители мораат да купат се, да го состават и кога ќе формираат цена им испаѓа не испатливо и затоа имаат високи цени. Еве сега за фабриките да работат, војната во Украина ги дрна, нема руски енергенси, фабриките не можат на сонце да работат оти Германија нема сонце и се зависни од туѓи енергенси. Скапа работна сила, скапи увезени компоненти. Е ова сето Кина не го плаќа, а овие се купуваат, а купено е исто ко дупено, кога тогаш ќе пресуши изворот, како со енергенсите од Русија за Германија, санкции? Ок, нема проблем, Путин го затворе вентилот, па нека работат на сончева енергија сега. А кога се работи за технологија, мозокот им е како памук на жолтите.
Еден од нашиве бизнисмени за производство на апарати, имаше кажано: Бевме во Холандија, Германија, Англија, САД и уште каде не, ама Кина е дргуа димензија, 1000 години пред сите, живееш во друг универзум. А исто е и со Кореја, Јапонија и Сингапур. За три децении од рурална и земјоделска земја се трансформираа во супер економска и технолошка сила. Едноставно, како и да речиш, и да осудува и да има предрасуди човек, еднаш ќе сфати дека Кина е супер сила.
Да не звучам про-кинески многу, ама таа е реалноста. И јас не очекував, ама еве денеска се уверив, секоја им чест. Со се погазија. Така се работи, нема застој и затоа нема дебели луѓе таму хаха, сите работат нешто, се шалам офц