Имав прилика да ја расчепкам XC40ката кога пристигна во Мида, требаше најлоните да се тргаат и слично. Чудна кола, жими мајка.
Овој примерок сигурно не е со највисоко ниво на опрема, ама имајќи го и тоа предвид, некако ефтино ми делуваше. За краткото време во кое се бафтав околу него, приметив две ствари што ептен бодеа очи и се неопростиви - тапацирот на централниот дел од вратите е ист материјал ко тапацирот во гепекот и кај нозете, под патосниците. Значи не се заебавам, истиот крут, тврд, груб материјал го користат на едно од поприметните и најпипани места. Јасно дека пробале некоја њу-ејџ финта да напраат, ама не им успеала. Исто така, долниот крак од воланот не е со brushed aluminum finish како другите два крака, кај што се командите, туку е онаа тиња дилдо пластика/гума. И кожата на воланот е мех, ко од Фиеста само со поише сунѓер.
Да разјасниме, јас се напикав у колава за да уживам, не за да барам маани, ствариве сосем случајно ми упаднаа у очи. Ако ви ја дадат на тест некојпат, сигурен сум дека и ред други срања ќе воочите, ептен на cost-cutting ја удриле работата, а сигурно тоа не рефлектирало на продажната цена.