Имав прилика да возам 150-160 км Peugeot 508 SW Hybrid, рент а кар возило, ептен ново со само 95 км.
Гепекот не беше голем, те не беше баш длабок, можеби заради тоа што беше хибрид. Исто така, како за прилично големо возило, мене ми беше мало напред, воланот е прилично ниско и не е многу пријатно за возење. Ова важи за мене, пошто сум висок 2 метра, за пониски може да е ок. Моторот ок беше, убаво забрзуваше, иако не го стискав многу, возев по знаци, на едно место го кренав 190 и толку, и тивок беше при крузање. Опрема убава, дигитална шалт табла курци палци, фино скоцкано, иако можеле попремиум квалитет да биде, да се осети повисоката класа на возило.