Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1168810 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Велосипед
« Одговори #4320 на: 06 Јули 2017, 14:33:28 pm »
Ироничен ми е коментарот околу Грујо и компанија. Спенсер вика зошто сме се фатиле за точаците кога колите прават поголеми глупости. Така ако гледаш од секој проблем има поголем проблем и никогаш ништо нема да решиме.

Околу политичарите, јас нивната одговорност ја гледам во тоа што они не создадоа услови за неселективно спроведување на законот, прво и најбитно. А во последно време е тотален хаос во сите сфери, што секако највеќе го создаваат и контролираат луѓето кои се на власт, не јас и ти како поединци. Прост пример е како истите ние македонци дома сме дебили и ништо не почитуваме, а кога ќе отидеме во Германија сме подисциплинирани и од самите германци?? Или како истиот тој германец откако ќе дојде тука и ќе види како течат работите, за кратко време станува дебил како нас :)
Верувам дека во нашиов систем на функционирање и јапанац ќе расипеме за рекордно краток период.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Велосипед
« Одговори #4321 на: 06 Јули 2017, 14:45:09 pm »
A зошто мислите дека нешто ќе се промени од аспект еве да речеме неселективно спроведување на законот? Или па мене најсмешно ми е кога народов очекува нагла промена со секоја промена на власт. Барем јас во историјата не сум видел нација да се промени нагло кон подобро. Освен нормално тие што последниве 100 години назаделе највеќе заради комунизам или светски војни, за набрзо време се вратиле назад во колосек зошто нивната историја го потврдува тоа. Франција, Германија, Јапонија беа тотално уништени земји. Ама се виде дека срушени градови, милиони убиени невини луѓе уствари е најмалиот проблем да се вратат онаму каде што биле и порано, светски сили. Да гледаме малце подаелку од 100 години. Да не звучам песимист, ама тоа е реалноста.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55268
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #4322 на: 06 Јули 2017, 14:49:29 pm »
Абе кој хаос, жив човек нема низ град. Жив човек нема.

И паркирани се на ЈНА на велосипедската патека. Не дека нема, има поштен народ 1 на 50 СФАТИЛ ДЕКА ЌЕ ЗАСТАНЕ НА НАЈДЕСНАТА ЛЕНТА. Значи мозок работи, јасно му е.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Велосипед
« Одговори #4323 на: 06 Јули 2017, 14:50:51 pm »
Влатко со сета должна почит, минатата власт беше најкорумпирана, најкриминална и најпокварена од било која власт во историја на Република Македонија.

Владата на дпмне го расипа народот, таа влада беше 11 години на власт. Се уништи секаква активност која беше нормална, се претвори во партиска и криминална на нивните братучеди.

Да не ја труеме темава ама си имавме работа со тешки криминалци и ГЛУПО е да споредиш со некој кој никогаш не ни бил на власт дека ќе биде ист, треба да има човек 2 грама мозок да знае дека не е така.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Велосипед
« Одговори #4324 на: 06 Јули 2017, 14:58:45 pm »
Влатко со сета должна почит, минатата власт беше најкорумпирана, најкриминална и најпокварена од било која власт во историја на Република Македонија.

Владата на дпмне го расипа народот, таа влада беше 11 години на власт. Се уништи секаква активност која беше нормална, се претвори во партиска и криминална на нивните братучеди.

Да не ја труеме темава ама си имавме работа со тешки криминалци и ГЛУПО е да споредиш со некој кој никогаш не ни бил на власт дека ќе биде ист, треба да има човек 2 грама мозок да знае дека не е така.
Воопшто не ми беше намерата да бранам некого или за новава власт. Лоповиве/криминалци/банда минативе 11 години знам многу добро што направија, мене искрено друга ми беше поентата без да навлагам во политика. Ај да правиме муабет повеќе за велосипеди сеа :)

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Велосипед
« Одговори #4325 на: 06 Јули 2017, 14:59:38 pm »
Така ја начна некој политикава несвесно ;D

Точак ? Кога ќе сфатат овие со коливе дека не е само нивни патот, дека и ние плаќаме за патот .. тогаш ќе има мир во светот и Скопје ;D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Велосипед
« Одговори #4326 на: 07 Јули 2017, 19:26:20 pm »
Исто така тротоатите се за пешаци. И без разлика кој е на власт, црвено си е црвено :)
Нез разлика на политичка определба и тип на возило :)
Тоа што нема потреба да чекаш, и што немаме неуронски мрежи е друга ( болна ) тема.
Али верувајте дека не може да се шлапне преку ноќ таква инфраструктура. Ни во јапан ни во имачка нити не знам ти каде. Барем не со досегашнава технологија.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55268
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #4327 на: 08 Јули 2017, 19:47:15 pm »













Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Велосипед
« Одговори #4328 на: 08 Јули 2017, 20:47:06 pm »
ne taka, so taa metodata shto ja spomna so kamsikovanje po piski, nz strucno kako se vikase.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Велосипед
« Одговори #4329 на: 11 Јули 2017, 13:44:56 pm »

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Велосипед
« Одговори #4330 на: 11 Јули 2017, 14:00:08 pm »
За еден ден ќе ги снема овие „стубчиња“.

Секој ден овде се паркираат на велосипедска.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2132
Одг: Велосипед
« Одговори #4331 на: 11 Јули 2017, 14:27:44 pm »
Сега до нив ке паркираат и пак една лента ке иде за пакринзи

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55268
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #4332 на: 11 Јули 2017, 14:29:13 pm »
Сега до нив ке паркираат и пак една лента ке иде за пакринзи
Па така и треба.

Феноменално ако профункционираат патекиве без стока неписмена да застанува и да се паркира по нив.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Велосипед
« Одговори #4333 на: 11 Јули 2017, 14:54:03 pm »
Сега до нив ке паркираат и пак една лента ке иде за пакринзи
Значи пак доаѓаме на истото дека култура нема, а не пред некој ден кога излезе веста дека 5-6 луѓе велосипедисти направиле акција и лежеле на сред улица. Сеа да видеме што ќе им направите вие лично на тие што ќе паркираат на втора лента, пазете случајно да не им ги прегазите возилата со тенк :)

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Велосипед
« Одговори #4334 на: 11 Јули 2017, 14:56:32 pm »
Зошто МВР и полицијата не направи нешто за тие што паркираат ?

Пошто самите полицајци истото го праат, таква им е матрицата, сељачка.

Доволно е да пуштиш 100 џандари пешки низ центар, попара ќе напраат, буџетот ќе го наполнат на државата од казни, а не педерски скриени у грмушка у Сарамзалино.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.