Дали како возач на автомобил секогаш, и кога ќе процениш дека нема никаква опасност, тотално запираш на знак СТОП? Еве јас ќе ти кажам, не запираш, туку продолжуваш за да ја задржиш инерцијата. Дали како пешак, и кога имаш прегледност и си свесен дека нема никаква опасност бидејќи улицата е празна и нема коли на видик, ти чекаш да ти светне зелено на пешачкиот семафор? Пак ќе ти кажам, не чекаш.
Со кола чекаме сите (нормални) затоа што ненормални возачи немаат осет за брзина и комотно, како што кажа Фиц пред некоја страна, поради тоа што во кола имаш намалена прегледност, да не го видиш залетаниот и нечекањето на црвено светло да го платиш со животот.
Така и велосипедистите. Има нормални и ненормални. Нормалните расудуваат дали го загрозуваат својот живот или психата на некој возач на автомобил што ќе ги удри и отепа, а ненормалните не размислуваат ни за себе ни за другите, исто како и ненормалните што решиле да седнат позади волан на кола.