Луѓе што зборите бе ? Дневно во Скопје има по 20 сообраќајки, неделно гинат по 2-3 луѓе, коли прелетуваат на длабоко црвено на големи раскрсници и возат 120+ на булевар, вие за точаците сте се фатиле ? Озбилни сте ? Не може да се удри по големите копилиња со коли, па удри по велосипедистите.
Јас кога сум со точак, 90% од семафорите ги поминувам на црвено. Кога веќе гледам дека не сметам на никој, немам намера да чекам на пешачки семафор на партизанска на 40 степени, кога нема жив човек на улица, а не па да пречам на некој. Пешки исто, не ги есапам многу семафорите. Ама не памтам досега да ми свирнал некој да ме пцуе, да му пречам на некој додека преминувам улица.
Со кола си чекам семафор, макар било и 04 сабајле и нема кола во радис од 5км околу мене.
п.с. не сум во право со ова поминување на црвено, ама постојат многу поголеми, ОГРОМНИ проблеми кои треба да се средат, па после да се обрне внимание на велосипедите. Не може мравка и слон да споредуваме.