Претпоставував веќе си нашол ЕУ адреса за да си нарачаш Canyon, па на истата можеш и PlanetX да нарачуваш.
Зошто ако тргнеш со нарачка на Canyon, цената што им ја гледаш на сајтот е МНОГУ далеку од реалната што ќе те пречека кога ќе го подигнуваш точакот во DHL

Прво, поштарината е 300 евра за non-EU држави. Второ, на точак+поштарина имаш
5% 7% царина, и на таа сума на крај, 18% ДДВ. Ѓаол-и-пол.

Иначе за овде, единствен најефтин road со дискови што може да се нарача е Scott Speedster 10, прашав во Bike Market и ми кажаа цена од 1250-тина евра со тоа што ќе треба да го почекам троа.
За циклокрос, за некоја стотка плус треба да може да се нарача Scott Speedster 10 CX.
Во истиот дуќан треба да може да се нарача и Merida Cyclocross 500, ама бидејќи нема хидраулични кочници одма го исклучувам од опција. Откако возам хидраулика на точак, назад на механика више никогаш.
