Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1146122 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366
Одг: Велосипед
« Одговори #3195 на: 28 Јуни 2015, 21:39:05 pm »
Големото,  сивото,  изгледа феноменално,  не изгледа ефтино дефинитивно

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #3196 на: 28 Јуни 2015, 23:11:16 pm »
Откако го имам точакот само еднаш се сменети надворешните мислам.

На мојот не се сменети повеќе од 15 години (го купив точакот на крај на 8мо). Време е.

Мене ми испукаа од стоење една зима па морав :).

Првите ги сменив зашто беа направени сликови од неколкугодишно глупирање со задна кочница и на секои две недела се дупнуваа. Вторите затоа што се отвори рез од ~30cm на страничниот ѕид, ама и такви ги извозев некоја година. Поише ги сменив за да престанат сите да ми трубат над глава дека изгледаат страшно, одколку што на мене нешто ми пречеше при возењето. Третите ја надживеаа машината.  :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Велосипед
« Одговори #3197 на: 29 Јуни 2015, 17:23:09 pm »
Pitch брендот добри се? Прееска пичев еден, со хидроулични кочници со чуда и го сменив мислењево дека не вреди да се дадат поише пари за саглам точаче. Јас од точак само Собим сум имал иначе до сеа  ;D 8) 9 години душата му ја извадив. Толку издржа.

Иначе, Мерида, Скот или Цубе? Или тешко прашање?

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Велосипед
« Одговори #3198 на: 29 Јуни 2015, 18:46:45 pm »
исти тУР се сите...

зависи до каде ти е џебот...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Велосипед
« Одговори #3199 на: 29 Јуни 2015, 19:12:33 pm »
Pitch брендот добри се? Прееска пичев еден, со хидроулични кочници со чуда и го сменив мислењево дека не вреди да се дадат поише пари за саглам точаче. Јас од точак само Собим сум имал иначе до сеа  ;D 8) 9 години душата му ја извадив. Толку издржа.

Иначе, Мерида, Скот или Цубе? Или тешко прашање?

Зависи за што ти треба и колку пари имаш :)

Добра цена можеш да најдеш на bianchi на рекорд кај стопанска продавницата за точаци,

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Велосипед
« Одговори #3200 на: 29 Јуни 2015, 19:37:34 pm »
Па ми треба за возикање претежно низ Ск, да речеме од Лисиче па до Џорче и назад по стаза. И чат пат вака по други локации, водно по асфалт и слично. Нема да одам на Тур де франс или туд де галичица... :) Цена не сум оформил уште, да речеме 300-400 евра максимум,  немам ни гледано точаци. Ама еве можете да предложите места каде би можело да се погледне и по можност сајт ако имаат.

Да прашам уште еднаш кај има Pitch кај нас? Ме интересира цена на еден точак. На овој

http://www.specialized.com/us/en/bikes/mountain/pitch/pitch-650b

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3201 на: 29 Јуни 2015, 19:53:16 pm »
http://www.pro-sport.com.mk/

Цената што ќе ја видиш на велосипедите е предмет на договор во продавница. Обично минус 50 евра, ако си расположен за ценкање уште малце надоле.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1572
Одг: Велосипед
« Одговори #3202 на: 29 Јуни 2015, 23:34:52 pm »
http://www.pro-sport.com.mk/

Цената што ќе ја видиш на велосипедите е предмет на договор во продавница. Обично минус 50 евра, ако си расположен за ценкање уште малце надоле.
Ova da go kazese pred 3 meseci

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Велосипед
« Одговори #3203 на: 30 Јуни 2015, 00:34:30 am »
http://www.pro-sport.com.mk/

Е фала! Овој модел го барав, тој од погоре шо го постирав. Добар е?

http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=e0717b86-fb8b-4192-b2f0-4a78e43fc766

Иначе на другарчево шо го возев е спорт верзијата, поточно овој. Многу е подобар од обичниот?
« Последно менување: 30 Јуни 2015, 00:41:13 am Allexxander »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3204 на: 30 Јуни 2015, 01:30:16 am »
Ништо посебно освен името не нудат искрено.

Иначе разликите се следните:

1. Хидроулични диск кочници кај поскапиот, механички диск кочници кај поефтиниот (никако механички освен Шимано или Авид).
2. Посебни менувачи за брзини кај поскапиот (подобро), наспроти кочница со интегриран менувач кај поефтиниот.
3. Поквалитетен заден менувач кај поскапиот.

Другото е се исто. Амортизерот им е тапа тапосана, 3 кила тежи само он и потребни му се 2 сезони да добие луфта.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 674
Одг: Велосипед
« Одговори #3205 на: 30 Јуни 2015, 08:24:46 am »
http://www.pro-sport.com.mk/

Цената што ќе ја видиш на велосипедите е предмет на договор во продавница. Обично минус 50 евра, ако си расположен за ценкање уште малце надоле.
Искуствo нa мoј близoк пријaтел...Лaни нa крaј нa сезoнa( aвгуст- септември) велoсипед сo ценa oд ~90000 денaри, купен пo ценa oд ~65000 денaри, нoрмaлнo кеш.
Тaкa дa мислaм декa би мoжелo пoвеке пoпуст дa се извлече, сaмo требa дa е чoвек пo упoрен или aкo гo имa кешoт, некa му зaшушкa сo пaрите и 80% рaбoтaтa е зaвршенa.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Велосипед
« Одговори #3206 на: 30 Јуни 2015, 08:34:44 am »
Ништо посебно освен името не нудат искрено.

Иначе разликите се следните:

1. Хидроулични диск кочници кај поскапиот, механички диск кочници кај поефтиниот (никако механички освен Шимано или Авид).
2. Посебни менувачи за брзини кај поскапиот (подобро), наспроти кочница со интегриран менувач кај поефтиниот.
3. Поквалитетен заден менувач кај поскапиот.

Другото е се исто. Амортизерот им е тапа тапосана, 3 кила тежи само он и потребни му се 2 сезони да добие луфта.

за потребите што ги пишал таман му е точакот, кеј и чат пат водно

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Велосипед
« Одговори #3207 на: 30 Јуни 2015, 09:47:19 am »
http://www.pro-sport.com.mk/

Цената што ќе ја видиш на велосипедите е предмет на договор во продавница. Обично минус 50 евра, ако си расположен за ценкање уште малце надоле.
Искуствo нa мoј близoк пријaтел...Лaни нa крaј нa сезoнa( aвгуст- септември) велoсипед сo ценa oд ~90000 денaри, купен пo ценa oд ~65000 денaри, нoрмaлнo кеш.
Тaкa дa мислaм декa би мoжелo пoвеке пoпуст дa се извлече, сaмo требa дa е чoвек пo упoрен или aкo гo имa кешoт, некa му зaшушкa сo пaрите и 80% рaбoтaтa е зaвршенa.

На точак од 90К има поголем простор за корекција на цената, таму и маржа е поголема, на велосипед од 400 евра, неможеш да очекуваш за го добиеш за 250 евра, без разлика колку мавташ ти со пари.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 674
Одг: Велосипед
« Одговори #3208 на: 30 Јуни 2015, 10:22:17 am »
моето искуство е следно...

Стапив во контакт со локален точкар кој што има соработка со реномирана продавница за велосипеди во Скопје и за редовна цена на велосипед од 24000 денари, точкарот ми го даваше за 17000 денари. Истиот точкар на колега му продаде точак кој имаше редовна цена од 32000 денари, за 25000 денари, нормално со комплет документација и гаранција за истите.

Пошто моментално е зголемена побарувачката на велосипеди мислам дека реномираниве продавници одат со преголема маржа и доколку поседуваш вештина за преговарање и ценкање, во најмала рака би требало барем 100 евра да спуштиш за велосипед од пониска класа.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3209 на: 30 Јуни 2015, 10:37:03 am »
Лазе од Пробајк очи во живот не ти видел, влагаш во продавница, прашуваш за цена, ти вика "42000 ама за тебе еве 37000 ќе пуштиме". Он уствари по редовна цена ти го дава ама Лазе го сфатил македонскиот менталитет дека на македонец треба цена да му спуштиш за да го заинтересираш, и затоа растура со продажба.