моето искуство е следно...
Стапив во контакт со локален точкар кој што има соработка со реномирана продавница за велосипеди во Скопје и за редовна цена на велосипед од 24000 денари, точкарот ми го даваше за 17000 денари. Истиот точкар на колега му продаде точак кој имаше редовна цена од 32000 денари, за 25000 денари, нормално со комплет документација и гаранција за истите.
Пошто моментално е зголемена побарувачката на велосипеди мислам дека реномираниве продавници одат со преголема маржа и доколку поседуваш вештина за преговарање и ценкање, во најмала рака би требало барем 100 евра да спуштиш за велосипед од пониска класа.