Да прашав (мада глеам пар људи дека има веќе на тие кај мене шо се инсталирани), шо користите како апликација? Strava, Endomondo, нешто друго? Зашто ја користите таа што ја користите?
Користам Strava од следниве причини:
1. Прецизна е, брзо го заклучува GPS-от, лесна за работење, има дополнителни достапни анализи кај десктоп верзијата.
2. Ми служи баш како што сакам да ми служи, а тоа е:
- основни функции како изминато време, максимална и просечна брзина, изгубени калории
- напредни функции како сегменти, ранкинг листи на тие сегменти, можност за креирање дополнителни сегменти доколку нема.
Зошто сегменти? Затоа што гледаш како стоиш со својата кондиција при секое поминување низ истиот сегмент.
Endomondo користам јас. Strava е многу како за профи бајкери некако.
Нема везе дека е за профи бајкери. Може да си ја користи секој, баш е интерактивна, се споредуваш со други на твоја возраст и твоја тежина, си следиш до кај си со кондицијата/способностите во трчање или возење велосипед... Си има многу, многу предности над Ендомондо кој е класичен tracker и ништо повеќе

Дајте и шанса на Страва, ако активно возите или трчате. Мене ми буди желба да си собирам achievements (personal records, напредок на ранг листите, следам каде сум поспор од најблискиот на ранг листа, и така натаму, и нормално гледам да се подобрам на наредно возење)

Да има по културни шофери кај нас и некоја основна велосипедска инфраструктура би ти препорачал да си земеш количка за децата, многу кул работа ми е мене, само за кај нас е ризик.
Кај нас исто така е забрането и со закон, заради оние што собираат шишиња и ги ставаат во преголеми приколки влечени од велосипед.