Eкипа, да прашам пошто не се разбирам многу.
Имам Scott P6 од кој сум екстра задоволен. Единствено што ми пречи е обликот на „воланот“ - онаков прав е, a ја сакам закривен накај мене, за поголемо удопство при спора вожња на мазен терен.
Значи, рачките се моментално вакви...

...а сакам вакви:

Прашањата:
1. Дали воопшто може да се смени „воланот“?
2. Ако може - од каде препорачувате да го купам?
3. Дали може да има проблеми при „селењето“ на рачките од кочниците, командите за менувачите, дрн, дрн? Т.е. дали е воопшто паметно да се прави тоа?
4. Дали ќе се компромитира динамичката стабилност (изразов ја сеа го измислив) на точакот? Дали ќе се премести тежишната точка на неповолен начин? Т.е. - уште еднаш - дали е паметно воопшто да го правам тоа? Или нема гајле?
5. Колку треба да очекувам дека ќе чини ваква модификација?
Тенќу.