Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 941754 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16736
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2550 на: 04 Ноември 2014, 22:59:28 pm »
Можеби на спуштање пакните се прошат побрзо од нормално возење, но не е мнoгу драстична разликата. Јас на твое место би зел велосипед со V-Brake кој има припрема за диск кочници, за понатаму да го опремиш со хидраулика. Баш така како што планирам да направам со мојот. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #2551 на: 04 Ноември 2014, 23:04:28 pm »
Чув и дека се подобри при долготрајно кочење на спустови поради тоа што пакновите на V-brake кочниците побрзо се трошеле при вакви услови, ама не знам колку има вистина во ова. Доколку би земал велосипед само за на асфалт, сигурно не би ни размислувал за диск кочници, но вака сум во дилема.
Кога сме кај теоретски дискусии (пошто и јас уште неам купено озбилен точак, а сакам), само да ти напомнам дека V кочници наводно губат перформанси не само од кал, туку и од дожд. А дожд кога врне, врне и на асфалт и на земја... ;)

Друг момент, дисковите губат перформанси кога ќе се прегреат... нешто што на V кочници наводно не им се случува.


Иначе и јас исто размислував како тебе (кога не разбирав дека не можам да склопам точак, како што можам да склопам РС на пример), се додека не сватив дека дилемата (V кочници наспроти дискови) е непотребна и излишна.
Пошто асален точак доаѓа исклучиво со диск кочници. :)

Да не ме разбереш погрешно, ама јас мислам дека ако навистина сакаш да возиш на планина... ништо не правиш без вложување во точак од барем 800-1000евра. Сите моменти/аспекти на точакот се важни, од тркалата, до рамката, до амортизерот (или амортизерите, ако се работи за АМ класа), итн.
За 20 илјади едноставно не можеш да купиш таков точак, и ќе се разочараш порано или подоцна. Ако си сигурен дека сакаш да се занимаваш со ваков велосипедизам, боље стегни го каишот и почни да штедиш... Со среќа нека ти е, во секој случај.  :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16736
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2552 на: 04 Ноември 2014, 23:10:59 pm »
Во пракса, на влажно повеќе гумите губат перформанси одколку V-Brake кочниците.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17607
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #2553 на: 04 Ноември 2014, 23:36:00 pm »
Точно, и јас мислам дека се малку преценети. Дури еден човек ми рече дека тие кочници биле за никаде. Но постојат и луѓе кои имаат импозантни познавања од оваа област и ги препорачуваат само нив.
Ако го растегнам буџетот до нешто над 20 илјади денари, би одел на варијантата со 27,5 инчни тркала и механички диск кочници. Не знам колкава би била разликата помеѓу хидраулични и механички диск кочници и дали би ја оправдала вложената сума, која патем, не знам колку би изнесувала.
Ти благодарам.

Не, тие кочници не се за никаде. Во ерата кога излегоа диск кочниците, Avid BB5/BB7 би биле „Боки шеширџија“ што би рекол еден наш член ;D Кочниците се одлични но сепак се механички и со тоа си ги носат сите детски болести на механичка кочница. Од хидро кочници добиваш константен фидбек на кој се навикнуваш и при долги спустови и точно во секое време знаеш колку сила треба да вложиш во рачката за да успориш колку што си замислил.

Кај механичките и V кочниците, се јавува изразит "fade" или еден тип на замор. Кај буџет механичка диск кочница, овој fade е еднаков како и кај V brake, додека кај класа на BB5/BB7 тој ефект е далеку помал. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека на Deore V brake овој fade го немаше, ама сеа јебига, тоа е Deore и си кошта :)

Да сумираме: доколку Avalanche што ти фати око има Shimano или некои од горенаведените Avid, и те како вреди да купиш. Таков setup е далеку подобар од V brake setup од неколку причини:
1. Главини - диск главините се проектирани да се справуваат со поголем стрес затоа што кочењето се случува директно на главината, додека кај V brake стресот го ублажуваат шпиците. Автоматски добиваш подобри главини.
2. Future proofing - во иднина ќе сакаш да си ставиш хидро кочници. Нема еден нормален човек на планетава што не го посакал тоа, па притоа ќе ги имаш главните припреми за да ја направиш таа промена. Прво, веќе имаш диск-компатибилни главини што ти спасува сигурно 50 евра во купување и преплетување на тркала. Второ, имаш ротори и адаптери за калиперите, што ти спасува уште 2000 денари. Твое е само да ги отстраниш механичките рачки и калипери и да ги замениш со хидрауличните. Многу поефтино е да купиш само рачки, калипери и црева отколку се тоа, плус две главини, два ротори и два адаптери.
3. Обрачи - при евентуалната промена во диск сетап, ќе заглавиш со обрачи за V brake кои се потешки од обрачите за диск. Обрачот за диск е еднакво цврст како и оној за V brake но е полесен заради тоа што појачувањата се изведени на друг начин, додека кај V brake обрачите, потребни се подебели ѕидови кај што пакната е во контакт со обрачот. Тежината на обрачите е многу битна заради ротационата маса. Што потешки обрачи, потешко се одржува инерцијата и повеќе треба да вртиш педали :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29798
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #2554 на: 04 Ноември 2014, 23:45:18 pm »
Да те поправам.

Боки Шеширлија.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Велосипед
« Одговори #2555 на: 05 Ноември 2014, 00:31:51 am »
Можеби на спуштање пакните се прошат побрзо од нормално возење, но не е мнoгу драстична разликата. Јас на твое место би зел велосипед со V-Brake кој има припрема за диск кочници, за понатаму да го опремиш со хидраулика. Баш така како што планирам да направам со мојот. :)
И јас имав таков план, само не знам колку е финансиски исплатливо. Можеби е подобро да се купи велосипед со диск кочници од сам старт.

Кога сме кај теоретски дискусии (пошто и јас уште неам купено озбилен точак, а сакам), само да ти напомнам дека V кочници наводно губат перформанси не само од кал, туку и од дожд. А дожд кога врне, врне и на асфалт и на земја... ;)

Друг момент, дисковите губат перформанси кога ќе се прегреат... нешто што на V кочници наводно не им се случува.


Иначе и јас исто размислував како тебе (кога не разбирав дека не можам да склопам точак, како што можам да склопам РС на пример), се додека не сватив дека дилемата (V кочници наспроти дискови) е непотребна и излишна.
Пошто асален точак доаѓа исклучиво со диск кочници. :)

Да не ме разбереш погрешно, ама јас мислам дека ако навистина сакаш да возиш на планина... ништо не правиш без вложување во точак од барем 800-1000евра. Сите моменти/аспекти на точакот се важни, од тркалата, до рамката, до амортизерот (или амортизерите, ако се работи за АМ класа), итн.
За 20 илјади едноставно не можеш да купиш таков точак, и ќе се разочараш порано или подоцна. Ако си сигурен дека сакаш да се занимаваш со ваков велосипедизам, боље стегни го каишот и почни да штедиш... Со среќа нека ти е, во секој случај.  :)
И јас планирав пред месец дена сам да склопам велосипед. После сфатив дека е финансиски неисплатливо, посебно во тој ценовен ранг што мене ми одговара.
Досега немам возено на планина, затоа не сакам, а и не можам да инвестирам поголема сума во велосипед, додека не го сфатам тоа сериозно. Проблем е и тоа што во близина на Скопје нема многу голем избор на планински патеки за велосипеди. Ако грешам, нека ме корегира некој.
Јасно ми е дека за таа сума нема да добијам спејс шатл, само барам повремена рекреација во природа.
Ти благодарам.

Не, тие кочници не се за никаде. Во ерата кога излегоа диск кочниците, Avid BB5/BB7 би биле „Боки шеширџија“ што би рекол еден наш член ;D Кочниците се одлични но сепак се механички и со тоа си ги носат сите детски болести на механичка кочница. Од хидро кочници добиваш константен фидбек на кој се навикнуваш и при долги спустови и точно во секое време знаеш колку сила треба да вложиш во рачката за да успориш колку што си замислил.

Кај механичките и V кочниците, се јавува изразит "fade" или еден тип на замор. Кај буџет механичка диск кочница, овој fade е еднаков како и кај V brake, додека кај класа на BB5/BB7 тој ефект е далеку помал. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека на Deore V brake овој fade го немаше, ама сеа јебига, тоа е Deore и си кошта :)

Да сумираме: доколку Avalanche што ти фати око има Shimano или некои од горенаведените Avid, и те како вреди да купиш. Таков setup е далеку подобар од V brake setup од неколку причини:
1. Главини - диск главините се проектирани да се справуваат со поголем стрес затоа што кочењето се случува директно на главината, додека кај V brake стресот го ублажуваат шпиците. Автоматски добиваш подобри главини.
2. Future proofing - во иднина ќе сакаш да си ставиш хидро кочници. Нема еден нормален човек на планетава што не го посакал тоа, па притоа ќе ги имаш главните припреми за да ја направиш таа промена. Прво, веќе имаш диск-компатибилни главини што ти спасува сигурно 50 евра во купување и преплетување на тркала. Второ, имаш ротори и адаптери за калиперите, што ти спасува уште 2000 денари. Твое е само да ги отстраниш механичките рачки и калипери и да ги замениш со хидрауличните. Многу поефтино е да купиш само рачки, калипери и црева отколку се тоа, плус две главини, два ротори и два адаптери.
3. Обрачи - при евентуалната промена во диск сетап, ќе заглавиш со обрачи за V brake кои се потешки од обрачите за диск. Обрачот за диск е еднакво цврст како и оној за V brake но е полесен заради тоа што појачувањата се изведени на друг начин, додека кај V brake обрачите, потребни се подебели ѕидови кај што пакната е во контакт со обрачот. Тежината на обрачите е многу битна заради ротационата маса. Што потешки обрачи, потешко се одржува инерцијата и повеќе треба да вртиш педали :)
Одлично направена дистинкција помеѓу моделот со V-brake и моделот со диск кочници. Да не беше проблем буџетот, сигурно до сега ќе го јавнев Polar Avalanche.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #2556 на: 05 Ноември 2014, 00:45:41 am »
Скопје нема многу голем избор на планински патеки за велосипеди. Ако грешам, нека ме корегира некој.
Мислам дека и тоа како грешиш. :)
Скопје го има Водно, тука и СЦГ, Китка... многу планини во непосредна близина, и уште многу повеќе во не толку (не)посредна близина.

Напротив, Скопје има проблем што нема рамни оф-роуд патеки (е сега ако јас грешам, нека ме поправат).  ;)
Холандија ти е спротивен пример, возат коли со часови за да дојдат до некое брдо. Ама убави лагани, земјани офроуд патеки имаат колку сакаат.

Јас лично, како што сум мрцина, повеќе би сакал рамни шумски патеки. Но таква овде, како што ми кажаа, најблиската е таа окулу Мавровско езеро.
Нејсе, муабетот ми е дека во Скопје за офроуд, треба прав МТБ... бајкови за лаган туринг нема да потраат ако се возат на маунтин бајкинг.

Затоа и ти велам, расчисти си со себе што и каде сакаш да возиш и биди сигурен дека тој точак може тоа го прави... пред да ги инвестираш парите и да го потрошиш правото на избор.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17607
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #2557 на: 05 Ноември 2014, 01:10:27 am »
Јас лично, како што сум мрцина, повеќе би сакал рамни шумски патеки. Но таква овде, како што ми кажаа, најблиската е таа окулу Мавровско езеро.

Нека ти каже Фиц дали е рамна таа ;D ;D ;D

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16736
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2558 на: 05 Ноември 2014, 01:13:07 am »
Јас кога го купив точакот исто се двоумев меѓу Mirage Pro и Avalanche. Разликата во цена не беше пресудна за мојот избор. Единствената дилема беше механички диск против V-Brake. Сеуште мислам дека го направив вистинскиот избор. Сепак, каков точак и да избереш со многу возење насекој ќе му дојде крајот, никој нема да трае вечно.

На Водно од задна страна има оф роуд патека за качување, инаку од крст и средно надоле има неколку интересни патеки за спуст.

Ван, патеката околу Мавровско Езеро е асфалт, офроуд стазата оди горе преку планина.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #2559 на: 05 Ноември 2014, 01:19:34 am »

Уште полошо... тогаш каде е најблиската офроуд рамна патека?   :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17607
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #2560 на: 05 Ноември 2014, 01:27:31 am »
Имаш сигурно доста неасфалтирани патишта кои водат до селца во околината на Скопје. Тоа скопјани ќе треба да го кажат, ама сум 100% сигурен дека постојат такви села.

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20145
Одг: Велосипед
« Одговори #2561 на: 05 Ноември 2014, 01:34:24 am »
Од цементара до Драчево е прилично добра офроуд патека, по Првомајска се разбира.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16736
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2562 на: 05 Ноември 2014, 01:48:38 am »
Или по пруга ;D

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Велосипед
« Одговори #2563 на: 05 Ноември 2014, 14:44:38 pm »
Мислам дека и тоа како грешиш. :)
Скопје го има Водно, тука и СЦГ, Китка... многу планини во непосредна близина, и уште многу повеќе во не толку (не)посредна близина.

Напротив, Скопје има проблем што нема рамни оф-роуд патеки (е сега ако јас грешам, нека ме поправат).  ;)
Холандија ти е спротивен пример, возат коли со часови за да дојдат до некое брдо. Ама убави лагани, земјани офроуд патеки имаат колку сакаат.

Јас лично, како што сум мрцина, повеќе би сакал рамни шумски патеки. Но таква овде, како што ми кажаа, најблиската е таа окулу Мавровско езеро.
Нејсе, муабетот ми е дека во Скопје за офроуд, треба прав МТБ... бајкови за лаган туринг нема да потраат ако се возат на маунтин бајкинг.

Затоа и ти велам, расчисти си со себе што и каде сакаш да возиш и биди сигурен дека тој точак може тоа го прави... пред да ги инвестираш парите и да го потрошиш правото на избор.
Токму тоа го барам. Лесни off road патеки за рекреации низ природа. Без удолнини од 20 и кусур степени, за кои реално треба велосипед од преку 2000 евра. Ако треба да го ставам велосипедот на автомобил и да возам стотина километри да најдам патека, тогаш губам интерес. Сакам да излезам со велосипед и да се вратам со велосипед. Бар за сега.

Јас кога го купив точакот исто се двоумев меѓу Mirage Pro и Avalanche. Разликата во цена не беше пресудна за мојот избор. Единствената дилема беше механички диск против V-Brake. Сеуште мислам дека го направив вистинскиот избор. Сепак, каков точак и да избереш со многу возење насекој ќе му дојде крајот, никој нема да трае вечно.

На Водно од задна страна има оф роуд патека за качување, инаку од крст и средно надоле има неколку интересни патеки за спуст.
Мене кај Avalanche-от повеќе ми се допаѓа што има 27,5 инчни тркала, што би било поголема предност на off road патеки. Исто така кога ги ставија Mirage Pro и Avalanche еден до друг, Avalanche-от ми изгледаше поробустно.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16736
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2564 на: 05 Ноември 2014, 15:01:32 pm »
Јас кога купував немаше Mirage Pro и Avalanche со 27,5 инчи, а тие што беа со толкави тркала беа доста поскапи. Инаку не се така нежни овие точаци, издржуваат спустови, не се плашете толку.