Со SPD движењата на нозете додека притискаат на педали се перфектни кружни движења, додека без SPD завегуваат во мали елипси и со тоа се губи ефикасност. Барем јас така сфаќам.
А тоа со "леб и на кафе", стварно незгодно ќе ми биде педалите и патиките да коштаат дупло од точакот
Затоа викам дека со првата посериозна машина обавезно ќе ви се придружам во clipless друштвото. 
Па не баш. Кај педалите со голем float како CrankBrothers Или Time, пак имаш слобода на движење во нозете, односно не си до толку цврсто фиксиран (не чини тоа, страдаат колена и сакаш да имаш мала можност да се подесиш во твоето педалирање), и имаш одреден агол што си слободен (и ако сакаш пак можеш да правиш погрешни вртења, ама се трудиш да педалираш правилно).
Ама па позицијата ти е дефинирана, како што кажав можеш и да влечеш и да буткаш на педалите, и самиот трансфер на сила е подобар ради покрутите патики, и што вртиш педали позицониран во оној дел каде највеќе од силата пренесуваш.
Инаку сериозните машини доаѓаат без педали, односно треба да се докупат
Зашто ти не почнеш прво од SPD педали/патики, па после тоа само машината сериозна?

На секој точак ќе се подобрат перформансите со SPD во однос на обични педали, нема врска колку чини. Или барем пробај пар денови чисто да видиш од прво лице како изгледа.