Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1145648 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1590 на: 23 Јануари 2014, 22:09:52 pm »
Немам лично искуство со било кои од овие, но ќе ти кажам што мислам.

Сметам дека мавикот може да се подобар избор. Другите можеби ќе се латерално поцврсти, поради поголемиот број на жици, но и веројатно потешки.
Но немој да сметаш дека бројот на жици е пресуден од тој смисол, има многу примери со добри тркала на 24 жици. Патем, мавикот се со straight-pull spokes, што не е исто како стандардните жици.

На крај, за која намена ќе ги користиш и која е твојата тежина?

Поздрав
Од примарна важност ми е издржливоста на тркалата пред се друго, тежинaта (и со тоа инерцијата) на тркалата ми е сосема неважна во однос на издржливоста...

Тежам 94 кила, но барем едно кило варирам со тежина во зависност од тоа дали скоро имам правено голема нужда.  ;) Така да неколку стотини грама до пол кило разлика во тежина на точакот ама баш ништо не ми значи. Не е дека ќе се тркам или слично.
Инаку за офроуд возење прашувам, генерално cross-country но можеби понекогаш и полесно/пократко all-mountain возење.

Тие Алексот со 32 жици се најверојатно полесни, немам спецификација за целото тркало но само обрачите се по 450грама секој. Мавикот се специфицирани нешто над две кила, двете целосни тркала. Мислам дека Алексот (со се жиците) се малку полесни (ваљда потенки обрачи).

Сега прочитав малку за straight-pull spokes и освен за полесното заменување, не најдов ништо конкретно за структурна јачина на straight-pull наспроти постарите Ј жици. Кажи нешто поконкретно за ова, ако имаш време и воља.

Во врска со дискусијата бројот на жици наспрема дебелина на обрачи, еве еден од написите за кои зборував:
http://www.myra-simon.com/bike/wheels.html#strong
Цитат
The rim does contribute to the strength of the wheel, which is why rims for downhill mountain biking or expedition style touring are quite wide. However, they do this at the expense of quite a bit of weight. While you don't want a rim that's too wimpy for your intended use, the best way to increase the strength of your wheel is to increase the spoke count and make sure the spokes are about as tight as they can be.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Велосипед
« Одговори #1591 на: 23 Јануари 2014, 22:12:29 pm »
Ај двајца од точкашите нека го напраат ова.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ќе ви даам по сто денара.

ако отидеш во велес и на велосипедисти им се обратиш со точкаши, ке те сокршат од ќотек.

комбинација од его, високо лично мислење за себе и претерана осетливост на зборот “дркаџии“.. :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #1592 на: 23 Јануари 2014, 22:20:19 pm »
претерана осетливост на зборот “дркаџии“.. :)

Која културна, воспитана и социјализирана единка прво, на друга единка му вика „дркаџија“? Без разлика дали вози точак, такси, персонално моторно возило или авион.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Велосипед
« Одговори #1593 на: 23 Јануари 2014, 22:26:31 pm »
не ја свати поентата очигледно.. млад си...

кога во велес ке му речеш на некого дека е точкаш или точкаџија, тоа значи дека си му рекол дека е дркаџија, само на цивилизиран начин. и после тоа иде она што го набројав со претераната осетливост, его и високо лично мислење... кога ке додадеш на тоа дека скопјанец му го рекол тоа на велешанец, претепување до интензивна не ти бега...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #1594 на: 23 Јануари 2014, 22:29:27 pm »
ако отидеш во велес и на велосипедисти им се обратиш со точкаши, ке те сокршат од ќотек.

комбинација од его, високо лично мислење за себе и претерана осетливост на зборот “дркаџии“.. :)

Очигледно е дека тука не е изразена врската меѓу овие две реченици, од таму и моето несфаќање на целиот пост.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Велосипед
« Одговори #1595 на: 23 Јануари 2014, 22:30:40 pm »
во наводници ти е...

едит...

батали ај... во секој случај научи нешто ново од муабетов... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1596 на: 23 Јануари 2014, 22:31:52 pm »
Инаку ако не се лажам и нивните најдобри тркала CrossMax имаат 24 жици а се исклучително цврсти.

Јас возам Mavic X817 UST, со DT Главина и DT жици, и тоа ги возам без внатрешни (26" возам), и не мрднале никогаш до сега (а само off road воглавно ги возам).

Дарко
Mavic користат жици што се сплескани, и самиот начин како им е главината допринесува на цврстината.

Инаку другар ми ги вози CrossMax ST со 24 жици и вози доста AllMountain (карпи, корења, скокања), и не мрднаа.

Летоска ја возевме Планина Учка , каде што возевме спустови по камења и корења, имаше еден дел каде што десетина километри континуиран спуст го возевме со 60-65 км/ч со доста скокови и корења, и не мрднаа ни моите Мавик ни неговите.

Јас би дефинитивно Мавик од овие два избора

Мене и на пролиот точак ми беа Мавик (x517 со Real главина предна и Shimano XTR задна, и со DT Revouliton жици (овие се задебелни на краевите, а во средина се тенки. На овој начин се ем лесни, ем цвсти. Никогаш не се случи да имам проблем).

Исто Мавик користев на уште еден точак (таму во комбинација со DT Competition жици и SRAM 9.0SL главини.. НЕ МРДНАА).

На жалост овие Mavic CrossOne се entry level класата на Мавик, една класа под Crossride (за кои читам дека малку потешки возачи се жалат). Исто во спецификациите пишува дека жиците се цилиндрични (Crossride имаат сплескани).
Со оглед дека ова е најниската класа на Мавик се мислев дали можеби Алексот со 32 жици се поиздржливи.

Инаку друга заебанција е дека точакот што иде со Мавик доаѓа со Авид 5ка кочници, а другиот точак што иде со Алексот иде со Шимано кочници. За поевтината класа кочници читам дека Шимано има направено голем пробив во квалитетот, наспроти Авид кој наводно почесто правел проблеми и барал сервисирање.
Еве нешто на таа тема, кој го интересира:
http://www.bikeradar.com/forums/viewtopic.php?t=12884576&p=17931036

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Велосипед
« Одговори #1597 на: 23 Јануари 2014, 23:38:16 pm »
Искуства со тркалава?
(Alex Rims EN24)
http://www.alexrims.com/product_detail.asp?sc=1&cat=19&cat2=21&pid=67

Бирам меѓу нив и Mavic CrossOne Disc.
http://www.mavic.com/wheels-mountainbike-crossone

Maвикот као е подобар бренд на име, ама гледам дека и овие и повисоката нивна серија (Crossride) се 24 жици додека Алексот се со 32.
Во повеќе колумни сум прочитал дека колку повеќе жици толку појако е тркалото, наводно поважен е бројот на жици отколку дебелината и квалитетот на фелните/римсовите/обрачите на тркалата.

Не беа овие различна класа.Се разибира дека мавик-от.Нема врска што е со 24 жици.Туку уште незема точак.Ауууу абе зимај не се мисли ајде.Ептен почна да ги анализираш.

Инаку да се навратам на темата!Јас сум за DT swiss,Rody или Маvic али тие што ми се допаѓаат се доста скапи.Евтиниве некако знаат да забушаваат од mavic.Ако сакаш тркало со кое ќе си немаш проблеми гледај ги овие две Dt swiss и Rody.Роди се исто така фирма ќерка на Дт свис,но наместо во швајцарија се прават во португалија и се поевтини,но со подеднаков квалитет.

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 792
Одг: Велосипед
« Одговори #1598 на: 24 Јануари 2014, 00:03:54 am »

Ако сакаш иам многу добри тркала за продавање кои не се возени многу и држат потешки луѓе :D Mavic xm317 disc обрачи со DT Swiss Competition жици и главини со индустриски лагери Sram X9 бели. Тркалата се возени едвај 1500 километри. Ако си заинтересиран пиши :)

Едит: Не се мерени колку се тешки, али ти гарантирам дека и од мавикот и од алексримсот се полесни :D Коа ги сплетов бев зачуден од крајниот резултат :D

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Велосипед
« Одговори #1599 на: 24 Јануари 2014, 00:13:53 am »

Пушти да видиме за што се работи!Јас сум заинтересиран ако се индустриски

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 792
Одг: Велосипед
« Одговори #1600 на: 24 Јануари 2014, 00:20:00 am »
Ќе ги сликам сабајле и ќе стаам. Не ми се продаваат али скршив клучна коска минатата година и не возам више..

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1601 на: 24 Јануари 2014, 00:24:18 am »
Ако сакаш иам многу добри тркала за продавање кои не се возени многу и држат потешки луѓе :D Mavic xm317 disc обрачи со DT Swiss Competition жици и главини со индустриски лагери Sram X9 бели. Тркалата се возени едвај 1500 километри. Ако си заинтересиран пиши :)

Едит: Не се мерени колку се тешки, али ти гарантирам дека и од мавикот и од алексримсот се полесни :D Коа ги сплетов бев зачуден од крајниот резултат :D
Фала на понудата, јас само се информирам за мислења за наведените два модели на тркала... од аспект на тоа што размислувам кој точак да го одберам (башка е што Mavic xm317 се 26ки, а точациве се со 29ки тркала).  :)

Инаку гледам дека имаат сосема солидни оценки од корисниците:
http://www.mtbr.com/cat/tires-and-wheels/rim/mavic/xm-317-xm-317-disc/prd_352661_139crx.aspx

Не беа овие различна класа.Се разибира дека мавик-от.Нема врска што е со 24 жици.Туку уште незема точак.Ауууу абе зимај не се мисли ајде.Ептен почна да ги анализираш.

Инаку да се навратам на темата!Јас сум за DT swiss,Rody или Маvic али тие што ми се допаѓаат се доста скапи.Евтиниве некако знаат да забушаваат од mavic.Ако сакаш тркало со кое ќе си немаш проблеми гледај ги овие две Dt swiss и Rody.Роди се исто така фирма ќерка на Дт свис,но наместо во швајцарија се прават во португалија и се поевтини,но со подеднаков квалитет.
И онака пред Март нема да можам да возам (немам зимска опрема), што друго можам да правам освен да анализирам?  :)

Инаку DT swiss на жалост доаѓаат само со повисоките модели на Canyon точаците, а нема можност за custom конфигурации (а Rody ги немаат во ниеден точак).

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #1602 на: 24 Јануари 2014, 00:34:24 am »
Ако сакаш иам многу добри тркала за продавање кои не се возени многу и држат потешки луѓе :D Mavic xm317 disc обрачи со DT Swiss Competition жици и главини со индустриски лагери Sram X9 бели. Тркалата се возени едвај 1500 километри. Ако си заинтересиран пиши :)

Едит: Не се мерени колку се тешки, али ти гарантирам дека и од мавикот и од алексримсот се полесни :D Коа ги сплетов бев зачуден од крајниот резултат :D
Фала на понудата, јас само се информирам за мислења за наведените два модели на тркала... од аспект на тоа што размислувам кој точак да го одберам (башка е што Mavic xm317 се 26ки, а точациве се со 29ки тркала).  :)

Инаку гледам дека имаат сосема солидни оценки од корисниците:
http://www.mtbr.com/cat/tires-and-wheels/rim/mavic/xm-317-xm-317-disc/prd_352661_139crx.aspx

Мој совет:

29" имаат поента за повисоки луѓе и се баш маркетиншки трик. Потешки се од 26" (и тоа се осеќа), по тром е точакот (ако возиш single track и те како пречи). Сега полека преоѓаат на 27.5", новиот идеален стандард.

Е сеа што 26" веќе не ни има кај саглам точаци прави да или одиш со 29" или почекаш новиот стандард 27.5 (веќе се нудат точаци со овој стандард).

Јас се мислев да прејдам на 29", и искористив Specialized Test Day и пробав на иста рута (off road), неколку точаци по ред со 26" i 29". И решив да останам на 26"

Што се однесува до Шимано кочници и Авид, добро си прочитал. Авид се полоши од Шимано, ама не е тоа нешто страшно. И така ко што детално читаш, и ако те повлече ке почнеш да упгрејдуваш на Magura :).

Инаку верувај, тркалата највеќе ги осеќаш. Од нив зависи дали точакот лесно ќе забрзува, дали ќе биде тром, дали ќе ти прави ќеиф или не. Повеќе осеќаш разлика во добри и лоши тркала, од колку на пример разлика во опрема.

Према мене , најбитно ти е:

1. РАМ (дали ти одговара, дали ти е тамам, возни карактеристики)

2. Тркала (мноооогу влијае на возните перформанси)

3. Суспензија

4. Опрема.

Бирај по овој редослед на важност (плус опрема лесно се надградува).

Исто ко што си детален, можеби треба да отидеш едно ниво погоре во поглед на изборот на моделот. И најевтино е да го купиш точакот со што подобра спецификација, од колку да купиш па да надградуваш. Последниот точак го земав со спецификација да освен седиште и некои ситници нема потреба од упгрејд (се палев да земам Mavic CrossMax STR, ама не вреди за разликата во тежина што ќе ја намалам во однос на моите).

На стариот точак се убив од давање пари за надградби (дојдов до XTR/SRAM 9.0 SL)

Со среќа :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1603 на: 24 Јануари 2014, 00:43:31 am »
Фала за советите. Ценам мислења од искуство, целата поента ми е да ги истражам работите и да одберам добро, за да не морам да надградувам потоа (башка не се исплати).

Јас се мислев да прејдам на 29", и искористив Specialized Test Day и пробав на иста рута (off road), неколку точаци по ред со 26" i 29". И решив да останам на 26"
Кажи колку си висок? Колку ти е inseam-от (должина на ноги)?

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #1604 на: 24 Јануари 2014, 00:45:07 am »
Фала за советите. Ценам мислења од искуство, целата поента ми е да ги истражам работите и да одберам добро, за да не морам да надградувам потоа (башка не се исплати).

Јас се мислев да прејдам на 29", и искористив Specialized Test Day и пробав на иста рута (off road), неколку точаци по ред со 26" i 29". И решив да останам на 26"
Кажи колку си висок? Колку ти е inseam-от (должина на ноги)?

175 cm

82.5 cm (имам подолг колено-кук должина од просекот на 82.5 Inseam. Тоа прави да седиштето го возам скроз позади, МТБ возам М со стем 90,Road возам 53 cm, со 110 стем (ама кај Road  секоја марка е прикаска за себе, односн 53 од една марка кај друга е 55) ).

Инаку ко да видов прееска на sportysale на ФБ дека некој продава Specialized Stumpjumper Hardtail со Fox амортизер за 500 еур. Демек таа цена до денес (не го познавам човекот, нити го знам точакот, ама ми личеше ко да е добра цена).

Провери го и него (18" , односно Л (182-192 цм некаде треба да си да ти  е тамам)
« Последно менување: 24 Јануари 2014, 00:55:24 am krell »