Ако сакаш иам многу добри тркала за продавање кои не се возени многу и држат потешки луѓе
Mavic xm317 disc обрачи со DT Swiss Competition жици и главини со индустриски лагери Sram X9 бели. Тркалата се возени едвај 1500 километри. Ако си заинтересиран пиши 
Едит: Не се мерени колку се тешки, али ти гарантирам дека и од мавикот и од алексримсот се полесни
Коа ги сплетов бев зачуден од крајниот резултат 
Фала на понудата, јас само се информирам за мислења за наведените два модели на тркала... од аспект на тоа што размислувам кој точак да го одберам (башка е што Mavic xm317 се 26ки, а точациве се со 29ки тркала). 
Инаку гледам дека имаат сосема солидни оценки од корисниците:
http://www.mtbr.com/cat/tires-and-wheels/rim/mavic/xm-317-xm-317-disc/prd_352661_139crx.aspx
Мој совет:
29" имаат поента за повисоки луѓе и се баш маркетиншки трик. Потешки се од 26" (и тоа се осеќа), по тром е точакот (ако возиш single track и те како пречи). Сега полека преоѓаат на 27.5", новиот идеален стандард.
Е сеа што 26" веќе не ни има кај саглам точаци прави да или одиш со 29" или почекаш новиот стандард 27.5 (веќе се нудат точаци со овој стандард).
Јас се мислев да прејдам на 29", и искористив Specialized Test Day и пробав на иста рута (off road), неколку точаци по ред со 26" i 29". И решив да останам на 26"
Што се однесува до Шимано кочници и Авид, добро си прочитал. Авид се полоши од Шимано, ама не е тоа нешто страшно. И така ко што детално читаш, и ако те повлече ке почнеш да упгрејдуваш на Magura

.
Инаку верувај, тркалата највеќе ги осеќаш. Од нив зависи дали точакот лесно ќе забрзува, дали ќе биде тром, дали ќе ти прави ќеиф или не. Повеќе осеќаш разлика во добри и лоши тркала, од колку на пример разлика во опрема.
Према мене , најбитно ти е:
1. РАМ (дали ти одговара, дали ти е тамам, возни карактеристики)
2. Тркала (мноооогу влијае на возните перформанси)
3. Суспензија
4. Опрема.
Бирај по овој редослед на важност (плус опрема лесно се надградува).
Исто ко што си детален, можеби треба да отидеш едно ниво погоре во поглед на изборот на моделот. И најевтино е да го купиш точакот со што подобра спецификација, од колку да купиш па да надградуваш. Последниот точак го земав со спецификација да освен седиште и некои ситници нема потреба од упгрејд (се палев да земам Mavic CrossMax STR, ама не вреди за разликата во тежина што ќе ја намалам во однос на моите).
На стариот точак се убив од давање пари за надградби (дојдов до XTR/SRAM 9.0 SL)
Со среќа
