Бројот на жиците (во иста класа на бандажи) нели влијае и на тежината на тркалото.
Доколку ги користиш за асфалт, помалку жици е подобро (подобро е дискутабилен збор, но сепак полесно ќе ти оди возењето).
За даунхил, и тешко оптеретување на тркалата, секако 32, можеби и 36, ако сеуште се произведуваат.
Не е баш така. .У ствари воопшто не е така.
Зависи од типот на жиците, од самиот начин на плетката на жиците, од самата изведба..
Можеби најцврстите тркала за CrossCountry се со помалку жици од оние помеките и поевтини.
Mavic користат жици што се сплескани, и самиот начин како им е главината допринесува на цврстината.
Инаку другар ми ги вози CrossMax ST со 24 жици и вози доста AllMountain (карпи, корења, скокања), и не мрднаа.
Летоска ја возевме Планина Учка , каде што возевме спустови по камења и корења, имаше еден дел каде што десетина километри континуиран спуст го возевме со 60-65 км/ч со доста скокови и корења, и не мрднаа ни моите Мавик ни неговите.
Јас би дефинитивно Мавик од овие два избора
Мене и на пролиот точак ми беа Мавик (x517 со Real главина предна и Shimano XTR задна, и со DT Revouliton жици (овие се задебелни на краевите, а во средина се тенки. На овој начин се ем лесни, ем цвсти. Никогаш не се случи да имам проблем).
Исто Мавик користев на уште еден точак (таму во комбинација со DT Competition жици и SRAM 9.0SL главини.. НЕ МРДНАА).