Еве сум зачувал слика од огласот

Прво го расклопив цел

па чистење на рамот, прскан беше на некој места со сива боја се измачив додека ја исчистив.
После склопување. Нова осовина, кочници, рачки за кочници и шалтери. Нови гуми, педали, грипови и седиште. Заменети сите сајли и кошулици, заменети лагери на хедсет. Осовините на тркалата исчистени и подмачкани. Моментално преносот е 1х7, во иднина планирам да биде 1х9.
Рокхоперот да од кај лони го зедов, рамот не е толку лош друго се беше катастрофа ама секако само рамот и ми требаше.
Јас сум висок 178, двата велосипеди се 20 инчи и идеални ми се за возење. Мислам и со 176 не би требало да имаш проблем со 20 инчен рам. А за корозија нема шанси да најдеш 30 години стар велосипед без корозија, плус тоа не е корозија патина е

.
Имав и еден Kona Lava Dome

Го средив ама рамот беше 21 инч и не можев да го возам и го продадов.