@MartinAlfista Фала ти, повеќето групи не ги знаев. Реклама5 ја листам често, така да во тек сум.
@Dean Фала ти. Сега за сега би сакал да се држам до оригиналните делови, секако доколку функционираат. Гледав по нашиве продавници за велосипеди, само некако слаб избор, бар на страниве. Се мислам да нарачам од германскиве страни преку Велотека. Повеќе избор, а мислам дека и ќе заштедам некој денар. Не би трошел многу пари во старт, би сакал малце да го повозам прво.
Моментално механички е се исправно на него, денес ги средував менувачите и кочниците. Сакам сега рамот да го исчистам убаво и да го исполирам, на некои места има гребаници. Какво средство би требало да користам за оваа намена? Ми рекоа дека бојата на велосипедите не се нанесува во толку дебел слој како на автомобилите, па не знам дали може да направам некоја беља ако полирам со полир паста за автомобили.
Исто така кога го извадив седиштето, имаше малце корозија внатре во цевката. Има ли шанси некако да се исчисти тоа?