Конечно вчера бев да порачам МТБ преку лизинг, би требало за 1-2 недели додека се заврши процедурата да си го земам.
Се работи за
BULLS COPPERHEAD 3 S BLACK/FROZEN DARK GREY MATT 2022 со рам големина 61 цм. Овој беше најголем МТБ точак кој го има да се купи низ продавнициве за точаци тука. Се надевав дека моделите на Cube кои ги декларираат сега како 24 инчи дека ќе се поголеми, но за жал не се, па затоа се префрлив на Bulls. Рамот е алуминиум, но е полесен за нијанса од останатите, на пример Cube Reaction, па од таму и цената некоја стотка повисока. Да имаше карбон со иста големина може ќе идев на тоа, но и овој е супер со оглед на тоа што е полесен осетливо од сегашниот Cube Attention XXL(23 инчи) од 2014.
Пошто е на лизинг дополнитено мора да се земе и locker над 49 еур, па земав Абус од најефтините. Земав и држач за шише Bulls.
Точакот доаѓа со пластични педали некој основен модел, па ги заменив со подобри, карбон модел, доста лесни беа.
Гиданот беше 73 цм, а на стариов точак имам 76цм, па се решив и тоа да земам. Земав 78 цм, со подигнување од 45мм и агол од 16 степени. Ако не се лажам
овој модел е. Очекувам доста убава позиција да имам со оваа промена.
Земав и калници за напред и назад и тоа е, одвај чекам да го пробам и да му се изнавозам
