Resin се малите парчиња вметнати во самиот материјал кои помагаат за зголемување на триењето.
Resin е уствари смола, некогаш вештачка, некогаш природна.
Другите ти се семи-металик, односно комбинација од смола и метални честички, и металик кај што во смесата на плочката нема други примеси освен метални честички/струготини.
Resin - најблаги кон дискот, најмалце произведуваат топлина, најтивки се, најмал коефициент на триење = најмалце кочат
Металик - најагресивни кон дискот, произведуваат најмногу топлина, чкрипат ко теретен воз но и кочат најсилно. Бараат посебен диск, бидејќи оној направен за resin плочки е произведен од помек метал.
Семи металик - златна средина. И овие чкрипат. Може да се возат на обичен, resin only диск но значително ќе го забрзаат трошењето на истиот.