@marjanot - Јас имам Crosstrail Disc и го користам за истите работи кои ги спомнуваш. Јас сум презадоволен, иако конкретно мојот има некоја фрка со кочниците (пуштаат маааааалку уље и шкрипат, во понеделник треба да го однесам да ги сменат, наводно ќе напраат официјална рекламација и нема ништо да ме кошта, ќе видиме, ќе апдејтирам), сепак е одличен градски точак. Ако не ти е пресудно да биде со дискови, земи си со в-брејкс, и тоа е тоа.

Еве го баш вчера, пребришан, дотеран.
Задоволен сум и од услугата и односот во Про Спорт (сега за сега). Си ги истерав препорачаните редовни прегледи и сервиси, сега ќе добие уште еден на почеток на сезона. Вчера и денес пројдов околу 40-тина километри низ град.
Кога ќе го зеам од сервис, кога сакаш бујрум, земи го, повози го саат-два-три, врати ми го, види дали ќе ти напраи мерак. Мојот е големина М, мислам дека истата големина би одговарала и за тебе.
Пошто викаш возење низ град, батали mountain bike-ови. Огромна разлика има во комоција и леснотија на возење.