@marjanot - Јас имам Crosstrail Disc и го користам за истите работи кои ги спомнуваш. Јас сум презадоволен, иако конкретно мојот има некоја фрка со кочниците (пуштаат маааааалку уље и шкрипат, во понеделник треба да го однесам да ги сменат, наводно ќе напраат официјална рекламација и нема ништо да ме кошта, ќе видиме, ќе апдејтирам), сепак е одличен градски точак. Ако не ти е пресудно да биде со дискови, земи си со в-брејкс, и тоа е тоа.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Еве го баш вчера, пребришан, дотеран.
Задоволен сум и од услугата и односот во Про Спорт (сега за сега). Си ги истерав препорачаните редовни прегледи и сервиси, сега ќе добие уште еден на почеток на сезона. Вчера и денес пројдов околу 40-тина километри низ град.
Кога ќе го зеам од сервис, кога сакаш бујрум, земи го, повози го саат-два-три, врати ми го, види дали ќе ти напраи мерак. Мојот е големина М, мислам дека истата големина би одговарала и за тебе.
Пошто викаш возење низ град, батали mountain bike-ови. Огромна разлика има во комоција и леснотија на возење.
многу ме аресва и мислам дека за добра цена ќе може да го земам
@marjanot Ако можеш да поминеш преку тоа да не возиш марка јас би ти препорачал да го земеш овој: https://velosiped.mk/product/kross-hexagon-8-0/
Точаците што си ги постирал се океј, ама да дадеш 500 евра за tourney мењач, ми нема логика. Од тие што си ги постирал, јас би го зел поларот од бајкмаркет.
не разбирам што е tourney, само шимано сум чул дека е мењач

кои се овие велисопед.мк? имаат дуќан? сервис?
овој од линкот е исто пари колку и другиве, само не разбирам дали тоа различните мењачи вредат толку повеќе од „бренд“ точак со да речеме послаби мењачи
Јас би сакал да те прашам дали возењето на Водно ќе се оствари или е само желба... Ако е желба, и ти треба точак за низ град и на кеј и да вртите со децата во Маврово на рамничко, имам предлог за тебе:
http://outdoor.mk/index.php?route=product/product&path=59&product_id=2270
Ова е во моментов 19.000 во Аутдор, има 7 брзини во задната главина, динамо во предната, и е одличен брз, елегантен точак за бркање работи низ град, веслање на кеј и на релативно порамни терени.
Не значи дека не можеш да се качиш на Водно, напротив ќе може и тоа да го поднесе но ако тоа планираш да го правиш 2 пати во годината, џабе да купуваш точак кој ќе ти брка работа за тие два пати, а останатите 27 пати во годината ќе треба да живееш со компромисите низ град и на рамно.
За брендов, штом Аутдор (што носи Bianchi и има одлична репутација како продавница и сервис) одлучил да му даде доверба, и јас имам доверба дека точаците се добри.
Ако сакаш да бидеш почесто на Водно, ќе ти најдам соодветна понуда за тоа 
не можам да се замислам на ваков точак

точакот ќе ми биде најмногу за со децата да се возицкаме (пошто во моментов јас сум тој што е без точак и ги кочам во желбите, а они смеат само оклу зграда и со мајка им сами на стаза), надвор од Скопје тешко, пошто не би знаел како би се спакувале освен на приколка
покрај тоа, планот ми е сам да почнам да спортувам пошто се аздиса со седење, за трчање тешко се наканувам, а точак е сепак седење

(до пред 15 год. активно возев точак за насекаде и школо, факс, дожд, снег...)
@marjanot јас долго време барав и на крај земав Полар Форестер Про, одличен точак, многу брз и лесен за возење, најбитно има одлично седиште и не боли гз.
Совет од мене, оди прошетај и провози, одма ќе ти се разјасни што сакаш.
Јас сакав градски точак за да откако пробав увидов дека не е тоа за мене.
За мене тој што го имаш постирано од Номад имаше дефинитивно најдобра геометрија, феноменален точак ама немаше димензија како за мене па не го купив тој. На Поларот може да извадиш многу подобра цена од таа на веб страната.
Кога сакаш го имаш на располагање мојов точак, ден два провози го види дали ќе те бендиса.
Во вторник иде на сервис па тазе сервисиран може да го провозиш.
Слика немам ама еве линк како изгледа:
http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=59_65&product_id=872
поларов ми ги имаат препорачано како за најдобар однос вложено/добиено, претпоставувам дека и опремата што иде со него е за нијанса подобра него што би се добила кај бренд модел
не знам чива производња се и како се покажани
фала на сите за помошта, за пробување не знам кога би пробал со сите активности и полициски часови, пошто „мора неделава да земам точак“ (а јас сеуште ескивирам

)
како и да е, ќе разгледам неделава што и како има на лагер
битно ми е од таму каде што ќе земам да има резервни делови и сервис
нејќам да се замарам со порачки, интернети и сам да штелувам, правам захвати
сакам да го однесам, да средат, да си платам и да си возам