@MartinAlfista фала ти на објаснувањето, вчера бев до Про Спорт и во голем од ова ти што си го пишал ме советуваа и таму.
Скоро и да бев решен денес веќе да одлучам и да купам еден од точаците, се тоа беше од гледање на нет.
Вчера бев до Про Спорт и видов уствари дека на лице место и на нет е сосема различно.
Од точаков
https://pro-sport.com.mk/product/specialized/hybrid/crosstrail-mechanical-disc/ немаа со ХЛ рам, така да одма отпадна.
Пробав други МТБ модели од кој имаше ХЛ рам за да и јас а и продавачот утврди дека мене и ХЛ рам ми е мал и плус седењето на МТБ точак не ми се допаѓа, несакам да сум толку навален напред.
Ме советуваа да земам ХХЛ рам, ми кажаа и од кој модел ама тоа тек во Септември ќе стигне и ќе биде 36.000 ден.
Поради мојата тежина од 120кг ме советуваа да земам хидраулични кочници, не дека другите нема да кочат ама ако сакам малку поагресивно да возам посигурен ќе сум со хидраулични пред се поради тежината.
Се изненадив колку ми беше неудобно седењето, јас и сега го имам истото седење само на помал рам.
Ми се избистри малку главата и се решив сега убаво да разгледам и да пробам, ќе купам тоа што ќе ми одговара.
Денес ако стигнам ќе одам до Велосипед.мк и до Вело Спринт (овие во маало ми се).
Решен сум и ќе најдам голем точак со соодветно седење.