Јас возам механички AVID bb5, досега сум задоволен. Малце треба „фиддлинг“ околу штелањето, ама еднаш кога ќе научиш како, после си кочат беспрекорно. Дури и некако модулацијата на кочење преку сајла ми е подобра отколку на (доста поскапи) хидраулични што сум ги пробал. Со хидраулични добиваш „пердув лесни“, што мене баш не ми се допаѓа, а можда е и ствар на навика, што знам...
Ти возиш едни од најдобрите механички кочници на пазарот, кои во никој случај не се вградуваат во точаци од 250-350 евра.

Avid BB5, BB7 и TRP Spyre (двоклипна, слична конструкција како хидро кочница) се единствените механички кочници што вредат, ама се огин скупи.
Леснотијата при кочење е тоа што се бара при возење на mountain bike. При долги и медиум спустови, тврда кочница премногу ги замара прстите и дланките. Во првиот дел од спустот тргаш со еден прст на кочница, во вториот веќе си приморан да вметнеш и втор прст (ова звучи како секс активност, нели

), додека во понатамошниот дел од спустот веќе си во "holding on for dear life" фазон, ако имаш тврда механичка кочница.
Бонус недостаток е константната потреба од штелка ако сакаш да кочат како што треба.