Јас сум презадоволен, иако конкретно мојот има некоја фрка со кочниците (пуштаат маааааалку уље и шкрипат, во понеделник треба да го однесам да ги сменат, наводно ќе напраат официјална рекламација и нема ништо да ме кошта, ќе видиме, ќе апдејтирам), сепак е одличен градски точак.
Како што реков, да апдејтирам, ако некој го интересира. Точакот го оставив во вторникот, си го земав денес. Како што ми беше кажано, кочниците ми беа комплет сменети со нови, бесплатно, иако точакот е излезен од гаранција. Ставени се Shimano BL-MT200 + BR-MT200 рачки и шепи.
Сега за сега, многу позитивно искуство со Про-Спорт.